два слични рецепти за вакви перничиња споив во еден, да си поедноставам.
скоро едно цело кисело млеко
3 јајца
1 кесичка прашок за пециво
2 1/2 шољи брашно
малку сол
зејтин за пржење
измешајте ги сите состојки освен брашното, па додавајте го брашното постепено, да се измеша во убаво тесто. би требало да се развлече на маса и да се исече на коцки, ама полесно е од ванглата да земате со лажица од тестото и да ставате топчиња тесто во загреан зејтин. загрејте доволно зејтин перничињата да не го допираат дното. пржете ги од двете страни по неколку минути. брзо се готови. само не го преполнувајте тенџерето со перничиња. нека се пржат во еден слој. испржените перничиња вадете ги со решеткаста лажица и ставајте ги да се цедат врз кујнска хартија.
вкусни се и со солено и со благо.
рецепт за слаткото од портокали ќе најдете тука.
i had two similar recipes for these pillows. i combined them to make the recipe simpler.
400 ml yoghurt
3 eggs
1 sachet baking powder
2 1/2 cups flour
a pinch of salt
oil for frying
next post: Гостување кај Diethood / Our guest post at Diethood