ова желе е само за љубителите на виното. има јак вкус на вино, одлично оди со крекери и разни сирења, а го помина и тестот на моите колеги.

jelly wine

scroll down for the recipe in english

рецептот е од овде.

wine jelly zhele od vino

шише вино (јас употребив merlot од 750 ml)

3 ¼ шољи шеќер

кесичка пектин (јас имам јаболков пектин во прав, во кесички од по 8 gr)

сок од лимон (може и без него, јас не го ставив, ама сигурно му додава свежина на вкусот)

мало парче путер

wine

почнете со загревање на 1 ¼ шоља од виното додека не испари и не стане ⅓ шоља, околу 20 минути. оставете го ова вино на страна, па загрејте го останатото вино заедно со шеќерот. мешајте додека шеќерот не се стопи, па додадете ги пектинот, сокот од лимон и путерот.

кога путерчето ќе се стопи и сé ќе се измеша убаво, додадете го згуснатото вино, па варете сé на тивко уште 10-20 минути или додека не приметите дека желето почнува да се стврднува по ѕидовите на тенџерето. можете да направите и проверка, дали е желето готово: ставете мало количество желе на тацна, а тацната ставете ја во фрижидер на 5 минути, па видете дали се стврднало после тие 5 минути.

wine jelly

тргнете го тенџерето од шпорет и префрлете го желето во чисти тегли. затворете ги, оставете ги да се оладат сосем на собна температура, па ставете ги во фрижидер. на желето можеби ќе му треба цел ден додека целосно не се стврдне.

послужете го желето со крекери и разни сирења. ние го јадевме со плаво и биено сирење. пробајте го и во палачинки или со гранола и јогурт.

jelly wine

this jelly is only for the wine lovers. it surely has a strong wine taste, and is perfect with crackers and different cheeses and it passed the test with my coworkers.

the recipe is from here.

wine jelly with cheese

a bottle of wine (i used a 750 ml bottle of merlot)

3 ¼ cups sugar

1 sachet pectin (i have powdered apple pectin, in 8 gr sachets)

lemon juice (optional, i didn’t put lemon juice in the jelly, but i’m sure it adds freshness to the taste)

a little butter

 

wine jelly

 

start by reducing 1 ¼ cups wine to ⅓ cup, by cooking it for about 20 minutes. set aside and heat the rest of the wine with the sugar. stir until the sugar dissolves, add the pectin, lemon juice and butter.

when everything is dissolved and mixed, add the reduced wine and cook 10-20 minutes more, or until you notice the jelly start thickening on the sides of the saucepan. you can perform a consistency check by putting a little jelly on a plate and leaving it in the fridge for 5 minutes. then see if it is hardened enough.

remove from heat, spoon into clean jars, let cool completely and transfer to the fridge. the jelly might need a few hours to a day to thicken.

serve with crackers and different cheeses. we enjoyed it with blue and “bieno” cheese. also, try the jelly with pancakes or over granola and yogurt.

 

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Срциња со желе од јагоди / Valentine hearts with strawberry jelly
next post: Кременадли, наут, праз и марокански лимони / Pork chops, chickpeas, leeks and moroccan lemons

Trackbacks for this post

  1. Блог избор [Февруари, 2013] | Кригла Пиво
  2. Сладолед со суви сливи и желе од вино / Prune and wine jelly ice cream | sitnoseckano

Leave a Reply