scroll down for the recipe in english

Ако постите или сте перманентно на диета, имам фантастичен рецепт за вас денеска. Овие мафини се супер вкусни, а сите состојки се здрави и имаат малку калории. Во нив нема ни зејтин, ни путер ни јајца. Дури нема ни шеќер!

Најпрактично од се, во овој рецепт ќе најдете едноставна (и посна) замена за јајца која може да ја користите и за други рецепти за печени колачи и мафини, па дури и за палачинки.

Посната замена за јајца се прави едноставно: со мелено ленено семе и вода. Најдобро е лененото семе да го смелете во мелница за кафе. Денес немав таква, ама тој начин е најдобар. Поради тоа, јас го смелев во мојот мал блендер и резултатот беше одличен. 1 јајце = 2 лажици мелено ленено семе + 3 лажици вода. Измешајте ги двете состојки и оставете ги да стојат околу 5 – 10 минути. “Јајцето” за тоа време ќе се згусне. Зголемете ги количините на состојки во зависност од бројот на јајца кои ви се потребни.

смеленото ленено семе и како изгледа измешано со вода, после 5 мин.

Во рецептов исто така се користи и брашно од овес. Ова јас го направив сама: во истиот блендер смелев овесни снегулки додека не станаа како брашно. И за овесното брашно идеално е ако имате мелница за кафе – ќе го смелете побргу и подобро.

Ленено семе и овесни снегулки има во скоро сите супермаркети, во делот за здрава храна.

Рецептот за мафините е адаптиран од тука. За мерење на состојките користете чаша од 250 мл.
Се добиваат 11 мафини

сувиот дел од брашното, течниот дел од тестото, и тестото измешано


за сувиот дел од тестото
3/4 чаша овесно брашно
2/3 чаша интегрално или обично брашно
1 лажиче прашок за печење
1 лажиче сода бикарбона
1 ронка сол
1 чаша кокос

за влажниот дел од тестото
2 лажици мелено ленено семе + 3 лажици вода
1 банана, испасирана
пола чаша мед (или јаворов сируп)
1/4 чаша сок од лимон (1 лимон)

1/4 чаша соино млеко (или оризово млеко, ако имате оризово во прав, измешајте го со вода според инструкциите на пакувањето)
Измешајте ги сите суви состојки во една голема посуда. Во помала посуда измешајте го течниот дел. Додајте го течниот дел во сувото тесто и измешајте ги убаво со лажица (миксер не е потребен). Во тавчето за мафини ставете хартиени чашки за мафини (без нив ќе мора да го измачкате тавчето со масло за да не ви се лепат). Јас користев силиконски чашки. Ако немате тавче за мафини, можете да го печете тестото како колач, во широко тавче, за да не биде премногу високо колачето. За да не се лепи покријте го тавчето со хартија за печење. Печете ги на 180 степени, околу 25 минути. Уживајте!
These muffins taste fantastic and are vegan and low in calories. Instead of eggs, the recipe uses ground flax seeds mixed with water. I couldn’t believe how moist and delicious they were and I can’t wait to experiment with other additions, like shredded carrots instead of coconut. I adapted the recipe from here.
dry ingredients
3/4 cup oat flour (I ground oats in my blender for this)
2/3 cup spelt or whole wheat flour (or all purpose)
1 tsp. baking powder
1 tsp. baking soda
pinch of salt
1 cup coconut
wet ingredients
2 tbsp. ground flax + 3 tablespoons water (mix separately and leave for 5 min. to thicken; this is equivalent to 1 egg)
1 mashed banana
1/2 cup honey or maple syrup
1/4 fresh lemon juice
1/4 cup soy milk or any other milk substitute

Mix all the dry ingredients in a large bowl. Mix the wet ingredients separately, then add to the dry. Line your muffin tin with paper cups. I used silicone muffins molds. Bake in a preheated oven, 180 C degrees (350 F degrees) for about 25 min. This recipe yielded 11 muffins. They were delicious even 2 days after I baked them. Enjoy!

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Колачи со портокал / Orange cakes
next post: Црвено Гоанско пилешко / Red Goan chicken

Trackbacks for this post

  1. Банана мафини со кафе / Banana coffee muffins | sitnoseckano

Leave a Reply