според мене, најдобар сладолед е овој со кој пораснав, ванила или чоколадо, совршена основа за додавање вкусови. ама сакав да пробам некој без млеко и јајца и еве, начекав еден топол викенд (минатиот) и го направив овој сладолед од индиски ореви, кокосово млеко, црн чај и зачини. ако сте пиеле црн чај со млеко и зачини, знаете што можете да очекувате. сладоледов има баш таков вкус.
рецептот е од тука.
1 ½ шоља индиски ореви, непечени и несолени
1 шоља кокосово млеко
4 лажички црн чај (или 3 кесички)
2 лажици кокосово масло
2 лажици мед (или јаворов сируп)
¼ шоља кафеав шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
½ лажичка мелен цимет
½ лажичка ѓумбир во прав
¼ лажичка мелено каранфилче
¼ лажичка мелен кардамом
ставете ги индиските ореви да отстојат во вода преку ноќ, или барем 6 часа. јас ги ставив во фрижидер, бидејќи беше многу топол ден.
потопете го чајот во ¾ шоља жешка вода и оставете го десетина минути. потоа процедете го и ставете го во фрижидер да се олади. исцедете ги индиските ореви.
ставете ги сите состојки во блендер и изблендирајте ги неколку минути, додека не се добие мазна смеса. префрлете го сладоледот во сад со капак и ставете го во замрзнувач до следниот ден или барем 6 часа.
for me, the best ice cream is my mother’s vanilla or chocolate, perfect base for adding other flavors. but i wanted to try something different, ice cream without milk or eggs, so this past weekend i tried this recipe for vegan chai spiced ice cream. if you like chai, this is perfect for you. and so easy to make, just plan ahead to have time to soak the nuts.
the recipe is from here.
1 ½ cups raw cashew nuts
1 cup coconut milk
4 teaspoons loose leaf black tea
2 tablespoons coconut oil
2 tablespoons maple syrup (i used honey)
2 tablespoons brown sugar
1 teaspoon pure vanilla extract
½ teaspoon ground cinnamon
½ teaspoon ginger powder
¼ teaspoon ground cloves
¼ teaspoon ground cardamom
soak the cashew nuts the night before or for at least 6 hour before blending. steep the tea in ¾ cup boiling water for 10 minutes. strain and let cool in the fridge. drain the cashews.
put all the ingredients in a blender and blend until creamy and smooth. transfer to a freezer-safe container, cover and freeze overnight or at least 6 hours.
next post: Чоколадна гранола / Chocolate granola
Trackbacks for this post