имам рукола во саксија на тераса па често правам салати со неа. еве два рецепта:

Црноок грав и рукола

1 шоља црноок грав, сварен и исцеден
2-3 млади кромитчиња, исецкани на тркалца
маслиново масло
купче ливчиња рукола, исецкани или искинати на парчиња
сол, бибер
балсамик оцет

помешајте сé и салатата е готова. јас овде ставив и една зелена лута пиперка, а салатава е супер и со обичен грав и со спанаќ наместо рукола.

другата салата ја склепав еден ден од состојки најдени во фрижидерот.

Зелена салата и рукола

зелена салата
рукола
ротквици
сол, бибер
зејтин, оцет
пармезан изрендан на крупно

помешајте сé и готово. руколата ептен иде со пармезан.

рукола на ситно сецкано до сега: макарони со печен зеленчук и рукола и салата со рукола и авокадо.

i planted arugula in a pot so i often make salads with it. here are two recipes:

Black-eyed beans and arugula salad

1 cup black-eyed beans, boiled and drained
2-3 scallions, sliced in circles

olive oil
a bunch of arugula leaves

salt and pepper
balsamic vinegar

toss everything together and you have a tasty filling salad. i added a hot green pepper here, and you can replace the black-eyed beans with white beans and the arugula with spinach, it’s equally tasty.

i made the other salad one days with ingredients i found in my fridge.

Lettuce and arugula salad

lettuce
arugula
radishes
salt and pepper
sunflower oil and red wine vinegar
grated parmesan

toss everything in a salad dish and you have a fresh salad. i like how the arugula goes with the parmesan cheese.

arugula on sitno seckano before: pasta with baked vegetables and arugula and arugula and avocado salad.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Домашен еурокрем / Homemade nutella
next post: Аспарагус на пареа со холандез сос …. Steamed asparagus with hollandaise sauce

Leave a Reply