scroll down for the recipe in english
за 3/4 шоља крем:
3 жолчки
рендана кора од една мандарина
1/4 шоља сок од мандарина, мене ми требаа 2 1/2 мандарини за толку сок
5 лажици шеќер
4 лажици путер, ладен
во мало тенџере изматете ги жолчките, кората и сокот од мандарина и шеќерот. ставете го тенџерчето на шпорет на средно и мешајте постојано додека кремот не се згусне, 5-10 минути. тргнете го од шпорет, додадете го путерот и мешајте додека путерот не се растопи.
префрлете го во тегличка и ставете го да отстои во фрижидер околу 1 час пред да го употребувате, малку да се стврдне.
може да стои во фрижидер околу 1 недела, само тоа кај нас никогаш не се случило, многу побрзо го снемува.
многу е вкусно направено и со лимони, само ставете 6 лажици шеќер наместо 5. а сигурно би било добро и со портокали, грејпфрут или зелен лимон, треба да се проба.
tangerins are everywhere here during winter and they are great eaten as they are, but this curd is so good, eaten with a spoon directly from the jar or as a filling for cake or roulade or with granola.
next post: Мароканско пилешко со маслинки и солени лимони / Morrocan chicken with olives and preserved lemons
Trackbacks for this post