еден од омилените ручеци кај нас дома е брзо пржени зеленчуци во вок тава, со или без месо, со ориз. или обратната варијанта, пржен ориз со зеленчуци, со или без месо. и двете се прават многу брзо и може да се употребат разни зеленчуци.
обично, кога правам пица, правам голема количина тесто и тоа што ќе остане неискористено за пица го користам за други работи следните денови. овој пат направив лепињи.
ова не е ни рецепт. ова се само идеи за еден солен појадок со една состојка која најчесто ја јадеме во блага варијанта. само мене сé почесто ми треба солен појадок. се разбира, некоја крофна, чоколадна кифла или гранола со мед би биле совршени со првото (или второто) кафе, ама сé почесто ги гледам како десерт после солениот дел. затоа ваква некоја комбинација многу ми се допаѓа.
ми претставува особено задоволство да ви раскажам за преплет. ако не сте чуле за нив, веднаш разгледајте го нивниот сајт, ќе најдете многу интересни работи дизајнирани од викторија и магдалена. тие ни предложија соработка на нивниот последен каталог и јас бев пресреќна дека ќе можам да зготвам нешто за нив, а даниел сето тоа да го фотографира. и, еве ги рецептите за кишовите и мафините кои се најдоа на страниците на каталогот, покрај штосните предмети со откачени пораки.
крем супите се вкусни од кој зеленчук и да ги направите. брокули, карфиол, зелка, спанаќ, домати, тиквици, модри патлиџани, моркови, пашканат, праз, компири, целер, кромид… сите комбинации се можни. а ако сакате да направите нешто уште поинтересно, направете две крем супи, од различни состојки и послужете ги одеднаш, со разни додатоци. јас овој пат направив една од тиквици и една од моркови.
знам дека ги цените брзите рецепти, а денешниов е еден таков: ориз и зеленчуци на пареа. одлучив да ги зачинам само со сол и црн бибер за да може да дојде до израз вистинскиот, чист вкус на зеленчукот, кој вака зготвен е ем омекнат ем крцкав.
тортиљава е одличен начин да се искористат печени компири останати од некој претходен ручек. иако, толку е добра, што вреди и да се испечат специјално за неа.
после питата со тиквици воопшто не ми е чудно кога ќе видам тиквици во благ рецепт. ова чоколадно колаче со тиквици е феноменално, ептен чоколадно, а сочно од тиквиците.
галетите на деб од smitten kitchen веќе ни се испробани и се неверојатно лесни за правење и вкусни.
минатиот викенд имавме на гости една другарка од битола, елена, која остана неколку дена. во саботата елена ни направи многу убав ручек: интегрален ориз со многу зеленчуци, сирење халуми “на скара” и за десерт – интегрален ориз со урми. сé беше многу вкусно, особено додатокот од рендана кора од лимон, кој го направи оризот многу свеж.
да продолжиме со печените зеленчуци. оваа салата мајка ми често ја прави со пржени тиквици и кисело млеко и јас порано не ја сакав, повеќе ги сакав тиквиците со лукче, магдонос и оцет, ама изгледа со тек на време вкусот на човек му се менува. сега оваа салата ми е поубава.
ова јадење неправедно поради сплет на околности остана долго време непокажано, а беше многу вкусно.
ситно сецкано пред некое време беше на гости во кујната на дејан и ирена и таму се случи овој прекрасен ручек од салата и печени компири полнети со разни работи.