едно од оние јадења кои мајка ми толку добро ги прави, па јас забушавам и многу ретко ги правам. конечно решив да го запишам нејзиниот рецепт, иако е онаков, сé е отприлика и со насоки “ќе видиш колку треба” и сл. а и да го пренесам тука. еден од почесто посетуваните рецепти на блогов е манџа од зелка, па се надевам и рецептов за боранија на многумина ќе им се најде.
мигас е име за различни јадења во шпанската, португалската и мексиканската кујна, ама рецептот што го гледате е повеќе текс-мекс јадење (јадења со мексикански шмек, популарни во тексас).
сте ги пробале ли сосовите на мирана? кој е вашиот омилен? мене на прво место ми е синап. го ставам во сендвичи, помешан со мед, врз пилешко, пред да го печам, во преливи за салата, во ќофтиња… а еве уште една вкусна идеја како да го употребите.
пинџурите се можеби повеќе летно јадење. лепче, сиренце и пинџур може да биде комплетен ручек во лето. не знам зошто ми требаше толку време да се фатам да го сликам пинџурот, ама не верувам дека некој би одбил пинџур ни на есен, иако времево не е многу есенско деновиве.
мајка ми ги нашла овие бели модри патлиџани на пазар и ги купила да ги пробаме. не знаев што е најпогодно да се зготви со нив, па неколку дена стоеја во кујна, додека не почнаа да се сушат. си реков дека е подобро да зготвам било што отколку да ги оставам да пропаднат и првото што го направив со еден од нив беше да го испечам на кришки со многу заатр. излезе многу вкусно, особено со печените патлиџани, сирење и балсамик крема (или кремаст балзамик). кремастиот балзамик е едноставно згуснат балзамик оцет и има поконцентриран вкус. јас го донесов од холандија, ама сум видела и тука по големите продавници. инаку во јадењево може да се употреби и обичен балзамик оцет.
во последно време на пазар сé почесто можат да се најдат вакви долгнавести патлиџани. вкусни се, иако не се многу сочни, ама баш затоа се погодни за печење. ние ги јадевме за ручек со шпагети со маслинки, капари, лута пиперка и босилок и беше убава промена од вообичаените шпагети со кечап, а следниот ден со печени модри патлиџани.
уште една салата. иако денеска времето залади, сепак мене ми се јаде нешто лесно. оваа салата може да биде доволна за ручек, особено ако се стави и варената пченица, која јас ја изоставив, или некоја друга житарица, јачмен, на пример. може да се додаде краставица, пиперка, пржени печурки… јас сакам салати со варен наут, тој одлично оди и со цвекло и со рукола… ама оваа салата е посебна заради мешавината од зачини, заатр.
знаете дека многу сакаме да јадеме шопска, и ја јадеме скоро секој втор ден. е, ама оваа салата панзанела се заканува да и го заземе местото. барем мене многу ми се допаѓа, со преливот од оцет балсамик и лепчето кое ја упива течноста од патлиџаните.
сендвичот мафалета не е единствената работа поради која би одела во њу орлеанс.
додека чекам да се створи прилика да отидам таму и да го пробам сендвичов во ресторанот во кој е измислен, решив да го направам дома. одличен е за носење на излет, ако одите некаде следниве денови.
веќе некое време ми се јадат вакви работи. некое интересно тесто, месено или не, со интересен фил. ова лепче беше многу многу вкусно. меко како душа. сите што го пробаа го бендисаа.
се мислев дали да го напишам рецептов сега, или да го чувам за догодина. јас и мајка ми кечапот го направивме во првата половина од септември, ама некако други рецепти имаа предност, и овој остана. можеби уште не е касно да направите кечап, а ако не, догодина, кога ќе има убави зрели патлиџани. ние го сакаме кечапот ваков едноставен, па затоа не додаваме зачини и тревки.
има денови кога навистина не ми се готви, а ми се јаде нешто интересно. за нешто вакво, како овие полнети листови блитва, само прочачкајте што имате по фрижидерот.