решив да го почнам месецов со рецепт, ама не ми успеа. после кратка пауза од пишување рецепти се најдов пред дилема кој следен рецепт да го објавам, кој ден во неделата е најпогоден за тоа и слично, па поминуваа денови, мене ми беше сѐ потешко да најдам време да седнам на компјутер и паузата прилично се продолжи. затоа, да не одлагам повеќе, еве еден краток рецепт, брзо се прави и брзо јаде, а е толку вкусен, особено со чипсот, па пробајте да не ја изедете целата количина одеднаш.
мојата омилена зимска салата. изрендани свежи коренести зеленчуци, најчесто цвекло и моркови, а овој пат и една малку лута бела зимска трупка и една слатка каракушка. понекогаш, во зависност од тоа што имаме дома, ставам и целер, пашканат, кисело јаболко, праз, зелка, црна трупка, дајкон…
и сирење и рукола и суви домати и калинка и мед… само немаше место за сето тоа во насловот. изгледа како нафрлани работи, ама заедно си одговараат многу добро и сендвичот е ептен вкусен.
прекрасен неделен ручек. солените марокански лимони повторно си го направија своето. ако не сте ги направиле до сега, сега е моментот. се разбира, ако немате солени марокански лимони, можете да употребите рендана кора и сок од свеж лимон и да додадете сол.
знам, си викате “пак ли хумус?”. ама овој е сосема различен и многу многу вкусен. мароканскиот лимон му додава многу интересна арома.