овие крушки ги направив уште пред некој месец, и некако останаа ненапишани, иако се многу вкусни, особено следниот ден, ладни, директно од фрижидер.
ликер, рум, пиво… сé сме пробале во колачи, ама овој пат колачето е со коњак. неверојатно сочно, дури и поубаво е вториот и третиот ден. го направив еднаш со сливи и еднаш со круши, првиот пат со помалку коњак, вториот со повеќе и дефинитивно препорачувам да ставите повеќе. кога го правев ова со круши, немав рузмарин, ама ако имате при рака, секако ставете, колачето е поинтересно со него.
како што лани им се навртив на тиквите, така оваа есен на дуњите.
печените дуњи се многу вкусни. тоа го заклучив од ова колаче со јаболки, крушки и дуњи, па следниот пат кога најдов убави дуњи на пазар, ги испеков.
рецептот за лиснатото е од овде, ама мене нешто не ми се месеше, па го упростив рецептот и употребив замрзнато лиснато тесто.
2 крушки
2 јаболки
1 дуња
2 лажици сок од лимон
1/3 шоља шеќер
2 лажици темно кафеав шеќер
1/4 лажиче мелен ѓумбир
1/2 лажиче мелен цимет
1/4 лажиче мелен пимент
1 пакетче од марципанот од кам-маркет (мислам дека е 200 gr)
500 gr замрзнато лиснато тесто (јас го сакам трио)
излупете и исчистете го овошјето, јаболките можат да останат со лушпа, исечете го на крупни парчиња и помешајте го со сокот од лимон, шеќерот и зачините. префрлете го сето тоа во тавче и ставете го да се пече во загреана рерна на 200°C околу 25-30 минути. додека овошјето се пече, еднаш или два пати промешајте го.
за тоа време одмрзнете го лиснатото тесто, исукајте го малку поголемо од тавче со пречник од 28 cm, намачкајте го тавчето со малку маргарин и префрлете го тестото во него. исукајте го марципанот да го покрие дното на тестото, не е важно ако се раскрши, и префрлете го врз тестото. истурете го испеченото и малку оладено овошје врз марципанот и префрлете ги врз него краевите од тестото кои висат. печете го колачето на 190°C околу пола саат, или додека тестото не е целосно испечено.
2 pears
2 apples
1 quince
2 tablespoons lemon juice
1/3 cup sugar
2 tablespoons dark brown sugar
1/4 teaspoon ground ginger
1/2 teaspoon ground cinnamon
1/4 teaspoon ground allspice
200 gr marzipan (almond paste)
500 gr frozen puff pastry
peel, quarter, and core pears, apples, and quince. you can leave the apples unpeeled if you prefer. in a large mixing bowl, combine the fruits, lemon juice, spices and sugars, and toss to coat. arrange the fruit mixture, along with any juices, in a large oven-proof skillet and roast in a preheated oven at 200°C (400°F), stirring once or twice, until glazed and caramelized, about 25-30 minutes. let cool at room temperature.
meanwhile, thaw the frozen puff pastry.butter a 28 cm round oven-proof pan. roll out the dough on a lightly floured work surface slightly bigger than the pan. carefully fit into the tart pan, letting the excess dough hang over the edge. roll out the almond paste into a round and place in the bottom of the pastry shell. lay out the cooled roasted fruit over the almond paste and fold the edges of the pastry over the filling, pleating the dough as necessary. bake at 190°C (375°F) until pastry is golden brown, about 30 minutes.
за печените дуњи ви требаат:
2 дуњи
сок од половина лимон
3 лажици бел шеќер
2 лажици темно кафеав шеќер
малку цимет и каранфилче
3/4 – 1 шоља вода
исчистете ги дуњите од семките, излупете ги и исечете ги на кришки. помешајте ги со останатите состојки и ставете ги да се печат на 200°C околу 1 саат, или додека не омекнат. повремено промешувајте ги.
for the roasted quince:
2 quince
juice of half a lemon
3 tablespoons sugar
2 tablespoons dark brown sugar
ground cinnamon and cloves
3/4 – 1 cup water
peel, core and cut the quince in chunks. combine with the other ingredients and bake at 200°C for 1 hour, or until the quince become soft.
Scroll down for the recipe in English
време е за рецепт на пареа. насловот е навистина долг, ама подготовката на сето тоа навистина брза и лесна. овој пат решивме да направиме овошје на пареа. идејата ми дојде од готвачот на еlectrolux, successful steam cooking. само јас отидов и подалеку: ги искомбинирав крушките со сладолед од анасон, карамелизирани ореви и батерскоч сос и сите вкусови убаво се вклопија.
на крушките не им додадов ништо додека се готвеа на пареа, а нивниот сопствен вкус стана многу поинтензивен. ама да почнам од сладоледот, прво него треба да го направите, неколку саата или еден ден пред да ги послужувате крушките.
сладолед од анасон
сладоледов е ненормално вкусен. до скоро не ни знаев дека може да се направи сладолед од анасон, а сега ми е омилен вкус на сладолед за ова лето. откако ги направив мафините со урда и анасон и видов дека анасонот е уствари вкусен во благи работи, сладоледов ми дојде како логично продолжение. наидов на повеќе рецепти за сладолед од анасон, ама сепак го направив сладоледот според мојот рецепт и му додадов анасон.
2 лажички анасон, малку истолчен
1 шлаг
2 јајца
3 лажици шеќер
150 ml ладно млеко
анасонот ставете го во 50 ml млеко, зовријте го млекото, тргнете го од шпорет и оставете го покриено 30 минути. за тоа време шлагот изматете го со 100 ml ладно млеко во една вангла. во друга изматете 2 белки, додајте 3 лажици шеќер и двете жолчки, а потоа и шлагот. на крај додадете го и млекото исцедено од зрнцата анасон.
сладоледот ставете го во пластична кутија и во замрзнувач.
карамелизирани ореви
ги додадов за да дадат малку крцкавост на целата комбинација.
ставете 1/3 шоља шеќер во едно поголемо тенџере и ставете го тенџерето на среден оган, шеќерот да се стопи, без мешање. кога целиот шеќер ќе се стопи, посипете го со малку цимет и додадете 100 gr исчистени ореви, искршени на крупни парчиња. промешајте убаво, сите ореви да се прекријат со карамел и тргнете го тенџерето од шпорет. истурете ги оревите на послужавник или големо тавче, раздвојте ги, и почекајте да се стврднат. претпоставувам дека добра идеја би било да се истурат на алуминиумска фолија или целофан, за полесно да се одлепуваат. можете да ги чувате во тегла недела – две.
батерскоч сос
4 лажици путер
1/2 шоља темно кафеав шеќер
1/2 шоља хопла
1/4 лажиче сол
1 кесичка ванилин шеќер
стопете го путерот на среден оган, додадете го кафеавиот шеќер, промешајте убаво, додајте ја хоплата, малку сол и ванилата. мешајте околу 5 минути, па пробајте. ако сакате може да додадете уште сол.
овој сос има многу интересен вкус. сличен на овие бомбони. можете да го чувате 2 недели во тегла во фрижидер. во фрижидер се стврднува, ако сакате да биде течен ставете ја теглата за кратко во топла вода.
крушки на пареа
дојдовме и до крушките. земете зрели, но цврсти крушки и само излупете ги, исечете ги на половина, извадете им ги семките и ставете ги 5-6 минути на решетка врз вода што врие (со капак), или додека малку не омекнат.
потоа ставете по две половинки крушка во секое тањирче (употребете некои подлабоки тањирчиња, јас згрешив со плитките, моравме да го бркаме сладоледот наоколу). посипете ги крушките со карамелизирани ореви, ставете по една топка сладолед од страна и сето тоа прелијте го со батерскоч сосот. милина.
i know the title is long, but everything is so easy to make. the idea for the steamed pears came from the еlectrolux’s cookbook successful steam cooking, but i added a few things: fennel ice cream, caramelized walnuts and butterscotch sauce and everything came together nicely.
i steamed the pears without any added sugar or spices and their own flavour intensified. but, let’s start with the ice cream, since that’s what you need to make first, a few hours or a day before you serve the pears.
fennel ice cream
this ice cream is so unusual and so sweet and tasty. until recentrly i didn’t even know about fennel ice cream but know it’s my favourite flavour for ice cream this summer. when i made the ricotta and fennel muffins i really liked the sweetness that fennel adds so i wanted to try this ice cream. i found a few recipes for fennel ice cream, but i decided to use my ice cream recipe, since it’s very good and very adaptable.
2 teaspoons fennel seeds, crushed
1 cup cream
2 eggs
3 tablespoonssugar
150 ml cold milk
caramelized walnuts
these add some crispness to the whole combination.
put 1/3 cup sugar in a heavy saucepan on a medium heat, let the sugar melt, without stirring, then add a pinch of cinnamon and 100 gr walnuts. stirr, making sure every piece of walnut is covered in caramel then pour them on a cookie sheet. devide the pieces with a fork. the caramelized walnuts can be kept in a jar for a couple of weeks.
butterscoth sauce
4 tablespoons butter
1/2 cup dark brown sugar
1/2 cup cream
1/4 teaspoon salt
1 sachet vanilla sugar
melt butter on a medium heat, add brown sugar, stirr, add cream, salt and vanilla. cook stirring for 5 minutes, then taste carefully (not to burn your tongue) and add more salt if needed.
this sauce can be kept in a jar in the fridge for a couple of weeks. it will harden when cold, so put the jar in a bowl of hot water to melt it.
steamed peаrs
and finally, the pears. take ripe, but firm pears. peel them, cut in half, scoop the seeds and put them on a grid over boiling water, cover and steam for 5-6 minutes, or until they soften a little.
put two pear halves on a plate (don’t use flat plates like i did, you don’t want to chase the ice cream around), put some caramelized walnuts over the pears, a scoop of fennel ice cream beside them and drizzle some butterscoth sauce over everything. take a bit, close your eyes and enjoy.
Заборавете на peach cobbler. Кога ќе го пробате овој рецепт ќе ги баталите сите други рецепти за благо. А тек кога ќе видите колку е лесно да се направи колачево. Кога јас го направив, го скрив од другите во станов за да го јадам сама… со голема лажица…. !
Another crumble recipe: Fruit crumble