сосот од риба и сосот од остриги се неизбежни додатоци во тајландската кујна. јас овие два соса ги донесов од холандија, ризикувајќи усмрдување на целиот багаж, бидејќи, да не се лажеме, и двата имаат јак мирис на риба. мирисот со готвењето се губи, ама проблем е ако ви се скрши цело шише сос од риба во куфер.
веќе ги гледам овие сосови и по нашите продавници, па ако ги најдете пробајте го овој рецепт, месото е многу вкусно, многу брзо се подготвува, а може да се послужи како мезе за со пиво или како главно јадење со ориз, компири или друг додаток. само треба да се остави време за маринирање. ние го јадевме со зелка динстана во вино розе.