многу ретко правам вакви салати со макарони и секогаш се изненадувам колку всушност се вкусни. се разбира дека салата со макарони може да се направи со сé и сéшто, ама мене ми се допаѓа некоја ваква комбинација од додатоци, и не сакам да биде сува, ама па ни удавена во прелив.
дали понекогаш ви останува неиспиено вино? ни нас. сепак некогаш, ретко, може да се случи да ни остане, па еве една идеја како да се искористи. ова е од оние јадења кои ги правам без рецепт. често правам такви јадења, и не мерам, користам состојки кои ги имаме во моментот, не запишувам и јадењето при секое правење е различно.
едно од оние јадења кои брзо се прават, не бараат многу спремање и поминување време во кујна, а се згодни за прилагодување и менување на состојките и зачините според тоа што го имате дома. можете да го направите дури и ако не сте испланирале однапред време за маринирање на месото.
дома ретко јадеме вакви салати, со некоја житарка, иако се вкусни и е многу здраво да се јадат житарките цели и необработени. оваа шарена салата не може да не биде вкусна и здрава со сите интересни состојки во неа. и многу е згодна за прилагодување, употребете тоа што имате. наместо јачмен – просо, булгур, кус-кус…, наместо тиква – цвекло или моркови, наместо ф’стаци – бадеми, лешници, ореви, семки од тиква или сончоглед… тука добро би дошле и брокула или зелена салата.