првата половина од февруари е вистинско време за чоколадни рецепти. не успеав да го фатам тој воз. барем го фаќам мартовскиов. лани рецептот за овој чизкејк се појави на страниците на арт кујна, а сега еве го и тука.
Continue Reading…знам дека е средина на лето и има секакви други овошја, ама ние без разлика на годишното време, секогаш имаме банани дома. и од време на време, некои од нив стојат доволно за да омекнат, па ги употребувам во колачи или смути или нешто, како овие наан лепчиња.
панакота толку лесно и брзо се прави, а толку ретко ја правам. некако ми е десерт за посебни прилики. таа посебна прилика сега се овие огноотпорни чашки. ги имам повеќе години и не знам зошто ги чувам. решив дека е време да ги извадам од кутијата и да ги употребам.
ситно сецкано наполни 7 години! и нас не ни се верува колку брзо помина ова време. изминатава година учествувавме на неколку интересни настани. направивме слатки мали тартчиња со маскарпоне и јагоди и солени со хумус за дегустацијата на “паратисима”. даниел го фотографираше, а јас зготвив кишови и мафини за еден од каталозите на “преплет”. учествувавме на првиот food talk macedonia! на матка. објавивме разновидни рецепти, од кои сакам да ги издвојам брауните со виолетов сладок компир, едноставниот колач со маскарпоне и макаронсите.
долго динстано свинско на тивко е една од најдобрите работи кои ги прави мајка ми. јас со ова парче свински врат решив да направам нешто друго, инспирирана од многуте рецепти за свинско по интернет. во мешавината зачини има и кафе и шеќер, ама на крајот нема да приметите дека ги има, туку со нив месото добива убава зачинета коричка и е толку меко што се распаѓа само со вилушка. а компирите вака испечени ни се обавезен и омилен начин на готвење кога се млади, ама покрупни, не ситни.
имав во план некои други вкусови сладолед да направам, ама кога го видов сладоледов од кафе, тој доби предност пред сите. многу е вкусен, мазен, кремаст и кафето убаво се осеќа. ова е еден од оние рецепти за кој треба да се употребат повеќе вангли и садови, ама вреди.
секогаш е добро да се грицне некое колаче со кафето, а ако колачите имаат вкус на кафе – уште подобро, па уште и со парченца чоколадо… откако ја добивме машината за кафе dolce gusto, се “навлековме” на еспресо.
направив ликер. од кафе. тука има умешани и други работи, не е само кафето, ама ликерчето е баш супер. може да се пие, а може да се става и во колачи (или во сладолед).
да, имаме два колача со кафе едно по друго, ама мора да се согласите дека кафето во колачи добро оди. а овој ролат не е со било какво кафе, туку со espresso barista на dolce gusto.