многу меки и сочни мафини. со убаво изразен вкус на сладок компир, нешто што мене многу ми се допаѓа, ама и не толку големите љубители на слатки компири кај мене дома ги одобрија.
не знам за вас, ама кај нас дома понекогаш е паника за благо. затоа рецепти за вакви десерти, кои се прават за неколку минути, е добро да се имаат при рака.
сакав да ја искористам уште малку сезоната на тикви, па го направив овој брз тарт, во кој тиквата е тенко исечена за лесно да се испече, и само малку зачинета и со малку шеќер, за да се осети нејзиниот карактеристичен вкус.
питите со овошје ми се едни од омилените десерти. тестото многу брзо и лесно се прави, филот се прилагодува според овошјето кое е во моментот зрело и го има најмногу по пазарите, а може да се употреби и замрзнато овошје. и формата е прилагодлива, може да биде висока пита, преполна со јаболка или капини, прекриена со слој тесто, плитка пита со крцкав крамбл врз овошјето или тарт или галета со јагоди, праски или смокви во еден слој.
брзо и лесно колаче, нема ни масло ни млеко во него, а сепак е сочно и меко од слаткиот компир.
поедноставно овошно колаче не знам, или можда така викам за повеќето, кога ќе земам да ги правам по 2 – 3 пати неделно. ама ова стварно многу брзо и лесно се прави, најмногу време одзема миењето и чистењето на семките од сливите. а е толку меко и воздушесто.
го празнам замрзнувачот од лански работи и правам место за нови овошја и зеленчуци. од тоа произлезе ова колаче со капини, кое би било исто вкусно и со други пролетни или летни овошја, свежи или замрзнати.
наидов на интересен рецепт за пита со готови кори, начинот на правење полесен не може да биде, а бидејќи веќе имав полупотрошено пакување кори со хеља во фрижидер, решив веднаш да ја пробам. во мојава верзија има јаболка и помеѓу корите, а мислам дека може да се направи и во солена варијанта.
се надевам не сум досадна повторно со рецепт во кој се искористува пулпата останата од правење сок во соковник. ако често правите сокови, сигурно ќе ви се најде еден ваков рецепт. ако не правите, можеби е време да почнете :-). а секако можете да ги замените двете шољи пулпа со рендани јаболка и тиквици, како во оригиналниот рецепт.
остана уште многу малку време до доаѓањето на новата година, само неколку денови, но доволно да ги подготвите последните домашно-зготвени подароци. ви предлагаме сами да направите сенф, со јак вкус, хариса, за љубителите на луто и чоколадни распукани колачи, кои ќе бидат добредојдени и од децата и од возрасните. а за повеќе идеи разгледајте ги нашите претходни домашно-зготвени новогодишни подароци.
денес ни е роденден 🙂 ситно сецкано полни 8 години, колку и да ни е тешко да поверуваме. ви направивме чизкејк за да прославиме. нема да должиме многу, само сакаме да ви се заблагодариме за сите овие години на следење, читање и готвење на нашите рецепти, а особено кога ќе ни оставите некој коментар со убави зборови или сугестии.
Continue Reading…