по бургерите од грав и наут, ја продолжуваме серијата вегетаријански бургери со овие од леќа, моркови и цвекло. ова е уште еден вкусен начин да се искористи пулпата која останува по цедењето сок, ама ако немате соковник, во бургерите ставете рендани цвекло и морков.
изгледа како веќе да е почната пролетта, само мене кога сум дома ми студи. затоа ја направив оваа супа. свежа и не премногу зачинета, ќе ве загрее ако и вам ви студи.
ако имате соковник, сигурно знаете колку е убаво да се пијат свежо исцедени сокови од овошје и зеленчук. ние поретко цедиме зеленчук, најчесто пиеме сокови од грејпфрут, јаболки, портокали, мандарини, ананас, лимон, крушки, праски, јагоди… од зеленчуците во скоро секоја тура ставаме моркови и цвекло, понекогаш парче свеж ѓумбир, ама во последно време почнавме да додаваме и сладок компир. сокот со сладок компир е многу вкусен и несомнено многу здрав. пробајте. измешајте го со други зеленчуци и овошја и кажете ни која е вашата омилена комбинација.
минатиот викенд имавме на гости една другарка од битола, елена, која остана неколку дена. во саботата елена ни направи многу убав ручек: интегрален ориз со многу зеленчуци, сирење халуми “на скара” и за десерт – интегрален ориз со урми. сé беше многу вкусно, особено додатокот од рендана кора од лимон, кој го направи оризот многу свеж.
надвор врне и дува и сигурна сум дека една ваква супа е сé што ви треба.
ова е нашата омилена супа. многу често ја правам, во големо тенџере и ни трае по неколку дена.
количините се отприлика, без мерење, а од состојките, пилешкото, морковите и компирите се обавезни, а друго, зависи од сезонската понуда на зеленчуци и моменталното расположение. пашканат, целер, брокули, карфиол, тиквица, грашок, многу ретко фиде, понекогаш една шака ориз или јачмен или пченица, магдонос или спанаќ или ливчиња целер… дури и листови од брокула или од карфиол. некогаш додавам изматено јајце, некогаш кнедли… јас ја јадам со многу бибер.
има денови кога навистина не ми се готви, а ми се јаде нешто интересно. за нешто вакво, како овие полнети листови блитва, само прочачкајте што имате по фрижидерот.
оваа чорба не е за секого. мене ми е многу вкусна. и вас ќе ви се допадне ако ги сакате овие вкусови: печен модар патлиџан, наут, зготвени домати… сето тоа зачинето со кари. многу вкусно. со парче лепче доволно е за ручек.
знам, си викате “пак ли хумус?”. ама овој е сосема различен и многу многу вкусен. мароканскиот лимон му додава многу интересна арома.
ова е вегетаријанска лазања, само со зеленчуци. јас не ги варам листовите лазања, ама правам голема количина бешамел сос, покрај сосот од зеленчук.
бешамел сос:
50 gr путер
3 неполни лажици брашно
скоро литар топло млеко
малку мелено морско оревче
сол
загрејте го путерот во тенџере на средно, кога ќе се стопи ставете го брашното и промешајте, па сипувајте по малку од загреаното млекото со постојано мешање за да не се направат грутки од брашното. кога ќе го употребите целото млеко, оставете го сосот уште малку на шпорет, да се згусне, со мешање, па додадете му сол и морско оревче.
сос од зеленчук:
кога правам сос за лазања употребувам што ќе најдам во фрижидерот и не ги мерам состојките. некогаш правам сос од мелено месо, кромид, лукче, пиперки, патлиџани, печурки, тиквици, моркови… овој пат сосот е од кромид, печурки, пиперки, моркови и лукче. го пржам прво кромидот, па ги додавам останатите работи една по една, и сол и бибер.
во тавче со димензии од отприлика 30 x 18 cm прво ставете 1/3 од сосот од зеленчук, па 1/4 бешамел, па наредете еден ред листови лазања (во вакво тавче обично одат околу 10-11 листа, кај што треба ставете и помали искршени парчиња), пак 1/3 зеленчук, 1/4 бешамел, листови лазања и уште еднаш сето тоа. врз последниот ред тестенини сипете ја последната четвртина бешамел, па посипете со реднан пармезан и/или рендан кашкавал.
печете ја лазањата на 200°C околу пола саат, или додека тестенините не се омекнати, а кашкавалот стопен и заруменет.
this is a vegetarian lasagna. sometimes i make a filling with ground meat and tomatoes, but this time i made it meatless. i don’t boil the pasta first, but i make a large pot of bechamel sauce.
bechamel sauce:
50 gr butter
3 tablespoons flour
almost 1 l warm milk
a pinch of nutmeg
salt
heat butter in a large pot, put flour and stir, then pour a little of the milk, and mix with the flour. continue pouring a little of the milk at a time and stirr to avoid forminf lumps. when all the milk is used let the sauce thicken a little on low heat, while stirring, then add the nutmeg and salt.
vegetable filling:
i sauted the onion first and then added peppers, mushrooms, carrots and garlic, salt and black pepper.
take a pan aproximatelly 30 x 18 cm. put 1/3 of the vegetables on the bottom, then 1/4 of the bechamel and lasagne noodles in a single layer (it usually takes 10-11 lasagne noodles for a pan like this, you can put broken pieces where needed), again 1/3 of the vegetables, 1/4 of the bechamel, lasagne noodles and again all that. cover the last layer with the last of the bechamel, sprinkle with grated parmesan and/or grated chedar cheese and bake at 200°C for 30-40 minutes, or until the lasagne noodles are tender and cheese on top is melted and lightly browned.