На блогов можеби имаме разни богати рецепти, ама освен готвење со сланина, свинско, путери и кашкавали, често се трудиме да јадеме и здрава храна. Јас секој ден редовно читам блогови и сајтови за храна, ама обавезно читам и блогови за здрав живот, и оттаму ми е идејата и рецептот за овој појадок. (Омилен блог за инспирација за здрава храна/живот ми е Kath Eats Real Food)
Scroll down for English recipe
Лелееее! Ќе треба да се навикнете на вакви извици кога ќе ги направите овие печени лепчиња за вашите гости. Веќе неколку месеци сакам да ви кажам за рецептов. Многу е едноставен, а резултатот е многу повеќе од збир на неколку состојки. Прво, одличен е за искористување на голема количина стар леб (јас сакам пржени лепчиња, ама кој сака да стои до шпорет и да ги пржи?). Второ, најтешкиот дел е рендање кашкавал. И трето и најважно, печениве лепчиња излегуваат многу поимпресивни и повкусни отколку што може да замислите. Едноставно, мора да го пробате самите и да видите за што зборувам. И бидете спремни за сериозни комплименти !
Ова јадење е одличен избор за појадок, особено за гости. Ако го направите за вечера и решите да не го делите со никого, сосема ве разбирам.
за 5 – 6 гладни луѓе
1 векна француски долг леб (или пола или повеќе од пола обичен македонски леб – стар барем 1 ден, а може и постар)
6 јајца
пола литар млеко
300 гр. исчистен спанаќ
~ 12 суви домати (моите беа од тегла, а може и суви, рехидрирани во топла вода)
~ 200 – 250 гр. кашкавал или сирење
пола лажиче сол
Аааах викенд утро…. има ли нешто поубаво од тоа. Во Димитрова/Феликс-Џорџ кујната во Холандија, викенд утрата вообичаено значат пржени јајца. Ако сакате пржени јајца, ама ви е здосадено од обичните рецепти, еве ви идеја за следнава сабота: јајца пржени во презли. (инспирацијата за јајцата е тука)
3 1/2 cups flour (I had to use more than this)
1/2 cup sugar
1 egg
1 packet dry yeast
1 teaspoon salt
3/4 cup brown sugar
2 tablespoons cinnamon
1/4 cup or 1/2 stick butter
pinch of salt
100 gr. cream cheese
about 3 – 4 tablespoons powder sugar (the original recipe had a lot more, but I found this amount perfect)
2 tablespoons butter
1/2 teaspoon vanilla