Ме немаше некое време, ама еве ме во последен момент со еден празничен рецепт. Одамна сакав да направам пита со крем и банани и еве ја, мислам дека е вистински момент за неа.
Continue Reading…во една недела два пати ги направив овие мафини, не само затоа што имавме многу ептен зрели банани. првата тура отиде за два дена, а излегуваат 16. мафиниве се најмеки што можат да бидат, сочни, чоколадни, и со нив се трошат оние презреани банани кои не се баш веќе вкусни за јадење.
знам дека е средина на лето и има секакви други овошја, ама ние без разлика на годишното време, секогаш имаме банани дома. и од време на време, некои од нив стојат доволно за да омекнат, па ги употребувам во колачи или смути или нешто, како овие наан лепчиња.
толку многу ги сакам овесните снегулки, што никако да ги објавам рецептиве. почнувам да пишувам, па се предомислувам, никако да ги најдам вистинските зборови да ги опишам и постојано одложувам. а поважно е да ви кажам дека овесните снегулки се многу вкусни, ептен лесно се подготвуваат и се комбинираат со сé и сешто, па сигурно ќе најдете нешто што ќе ви биде по мерка.
мислам дека полесен сладолед до сега немам направено, освен можеби овошниот јогурт, а неверојатно вкусен. лани, на летување, често јадевме чоколаден сладолед со путер од кикирики, па сакав малце да го вратам летното чувство и сеќавањето на мирисот на море.
има ли нешто подобро од дома месени переци? јас мислам дека има: дома месени переци полнети со банана и чоколадо. а и син ми мартин се согласува.
ова смути од последните зимски овошја ќе ве освежи после работа или после школо и ќе ви даде енергија додека ручекот не биде готов.