На денешен ден пред 13 години го почнавме блогот. Овој ролат е баш нешто што мноооогу ретко го правам, па е таман за прослава.
Continue Reading…сé помалку време имам да му се посветам на блогов. гледам барем сепак некои вакви рецепти да ги запишам, затоа што вреди да се имаат при рака. здраво јадење, вкусно, лесно и брзо за правење, а различно и интересно.
можеби изгледа комплицирано и долготрајно, ама овие корпи од кори многу лесно и брзо се прават. можат да се испечат и празни и да се наполнат со некоја салата, пинџур, сос или хумус, или со маскарпоне и свежо овошје. а многу се вкусни и вака, испечени со фил од јајце, јогурт и биено сирење.
сигурно знаете дека јајцата од препелица се многу здрави. за сите нивни здрави состојки прочитајте повеќе на страницата на “наша фарма“, од каде што се овие мали шарени, а моќни јајца. а ние имаме идеја како да ги подготвите.
не знам зошто почесто не правам вакви едноставни рецепти. можеби изгледа како многу работа и како да е комплицирано кога ќе ги видите шненоклите, ама толку едноставно и брзо се прават. и не знам што ми е повкусно, дали жолтиот крем или белите кнедли. особено кога се убаво оладени во фрижидер. од истите секојдневни состојки како млечникот, а целосно друг резултат. посебно вкусни направени со свежи селски јајца од “наша фарма“.
ова едноставно благо мајка ми порано многу често го правеше. а и моите две баби, само имаа различни рецепти. едната вака, само од млеко, јајца и шеќер и го викаше и јајчаник, а другата со кори. тој рецепт со кори го немам, ама баш сакам да го најдам. а ваквиот млечник, ладен, од фрижидер, мене ми е повкусен и од сладолед.
имавме некоја алва, која никако да ја изедеме, па решив да ја ставам во милиброд. секако мора да има и чоколадо за рамнотежа во вкусот, таан и мед за филот да биде кремаст, а тестото е како милибродот со суво грозје, само плетенките се увиени од два дела.
со денови ја мислев оваа пица, со јајце. ме потсеќа на пицата “скопје” од онаа пицерија каде што имаше многу убави панцероти, во гтц. тестото е оноа брзо тесто, што се прави за десетина минути, а спанаќот едноставно зготвен, со брз бешамел сос и лукче.
ова не е ни рецепт. ова се само идеи за еден солен појадок со една состојка која најчесто ја јадеме во блага варијанта. само мене сé почесто ми треба солен појадок. се разбира, некоја крофна, чоколадна кифла или гранола со мед би биле совршени со првото (или второто) кафе, ама сé почесто ги гледам како десерт после солениот дел. затоа ваква некоја комбинација многу ми се допаѓа.
во тефтерот со рецепти на баба ми ова колаче е запишано под лондонски штангли, ама не сум сигурна дека тоа е неговото вистинско име. мислам дека се вика дамен каприц. во секој случај е вкусно, многу лесно се прави и се надевам ќе ви врати сеќавања на некоја ваша баба или тетка.
мека плетенка, која, се разбира, не мора да се прави само за велигден.
тортиљава е одличен начин да се искористат печени компири останати од некој претходен ручек. иако, толку е добра, што вреди и да се испечат специјално за неа.