барајќи рецепти да ја искористам течноста која останува од варење наут, а тоа да не е за пуслици или чоколаден мус, налетав на рецепт за бискоти (или кантучини). супер, баш сакам бискоти, одлични се за со кафе, чај или топло чоколадо.
Continue Reading…знам дека за повеќето рецепти викам дека лесно се прават. тоа е една од работите што ми е мене важна, сакам да правам лесни рецепти, ретко се нафаќам на нешто комплицирано. а понекогаш не толку лесниот рецепт го менувам да биде лесен.
пред некое време почнав да ги правам овие топчиња за секое качување на планина и секогаш се добро примени. ги правам колку залче, и таман се, ме живнуваат, ама не само на планина или после трчање, туку и после работа или во било кое друго време кога ми фали малку енергија.