All posts in “путер од кикирики”

Nut butter filled, chocolate covered dates | Sitno seckano

Чоколадирани урми / Chocolate covered dates

Одамна ме нема на блогов и сум заборавила како се пишува рецепт, ама не сакав да пропуштам да објавам нешто во рубриката “домашно зготвени подароци”.

Continue Reading…
Oatmeal three ways | Sitno seckano

Овесни снегулки / Oat flakes

толку многу ги сакам овесните снегулки, што никако да ги објавам рецептиве. почнувам да пишувам, па се предомислувам, никако да ги најдам вистинските зборови да ги опишам и постојано одложувам. а поважно е да ви кажам дека овесните снегулки се многу вкусни, ептен лесно се подготвуваат и се комбинираат со сé и сешто, па сигурно ќе најдете нешто што ќе ви биде по мерка.

Continue Reading…

Peanut butter ice cream banana split | Sitno seckano

Банана сплит со сладолед од путер од кикирики / Peanut butter ice cream banana split

мислам дека полесен сладолед до сега немам направено, освен можеби овошниот јогурт, а неверојатно вкусен. лани, на летување, често јадевме чоколаден сладолед со путер од кикирики, па сакав малце да го вратам летното чувство и сеќавањето на мирисот на море.

Continue Reading…

Печен зеленчук со сос од кикирики / Roasted vegetables with peanut sauce

не знам за што попрво да ви кажам од ова јадење. дали за сочното свинско испечено во глинен сад romertopf, за печениот сладок компир, праз и други зеленчуци или за сосот од кикирики, кој совршено оди со нив. треба повеќе време да се зготви сето тоа, ама освен сецкањето на зеленчукот, нема многу работа.

Continue Reading…

Колачи со путер од кикирики / Peanut butter cookies

scroll down for the recipe in english

лесни и брзи колачи со путер од кикирики, без брашно.

ви треба:
1 шоља путер од кикирики
1 шоља шеќер
1 јајце
1 лажиче сода бикарбона
1 кесичка ванилин шеќер

изматете ги прво путерот од кикирики и шеќерот. потоа додајте ги останатите состојки. направете од смесата топчиња колку орев, наредете ги во тавче врз хартија за печење на големо растојание затоа што ќе се сплескаат и рашират, и малку притиснете ги со влажна вилушка. печете ги 8-10 минути на 180°C.

easy flourless peanut butter cookies.

you’ll need:
1 cup peanut butter
1 cup sugar
1egg
1 teaspoon baking soda
1 sachet vanilla sugar

first whisk the peanut butter and sugar, then add all the other ingredients. form walnut sized balls and place them on a baking sheet lined with baking paper. make sure you place them far apart so they have room to spread. press them a little with a wet fork and bake for 8-10 minutes at 180°C.

Браунис со путер од кикирики / Peanut butter brownies

ова е ми се чини првиот рецепт од smitten kitchen на кој наидов случајно, и после се навлеков на сајтот. само, помина доста време додека не земав да го направам. путер од кикирики и чоколадо e добра комбинација.

за колачите:
1 путер, или малку помалку
1 3/4 шољи шеќер
1 шоља путер од кикирики
2 големи јајца + 1 голема жолчка
1 ванилин шеќер
2 шољи брашно
1 1/2 шоља парченца чоколадо

за чоколадниот прелив:
1 1/2 шоља чоколадо (јас користев темно чоколадо)
1/2 шоља хопла
1 лажица путер

ги печев во големо тавче, околу 20 x 30 cm, намачкано со путер, па ставена хартија за печење и пак намачкана со путер, само мислам дека една или две работи од ова сето може да се скратат, ќе пробам следниот пат.
прво изматете го путерот со шеќерот со миксер на средна брзина, додајте го путерот од кикирики, изматете, па јајцата, жолчката и ванилата, изматете, и потоа на спора брзина полека додајте го брашното и матете само колку да се поврзе тестото, кое е прилично густо. чоколадните парченца измешајте ги во тестото со лажица и сипете го во тавчето. се пече на 180°C околу 40 минути (или помалку, моево беше малку препечено, значи следниот пат, пократко печење).
после треба убаво да се олади (2 саата), па врз него се сипува преливот (чоколадото и путерот растопени во зовриена хопла). колачите се сечат откако ќе се стврдне преливот.

this is the recipe that got me hooked on smitten kitchen. peanut butter and chocolate: excelent combination.

for the dough:
1 butter (that’s 2 sticks)
1 3/4 cups sugar
1 cup peanut butter
2 large eggs + 1 big eggyolk
1 sachet vanilla sugar
2 cups flour
1 1/2 chocolate chips

for the chocolate layer:
1 1/2 cups chocolate chips
1/2 cup cream
1 tablespoon butter

butter a 20 x 30 cm baking pan, then put baking paper and butter again.
mix butter and sugar, add peanut butter, then add the eggs, eggyolk and vanilla sugar, then slowly mix in the flour on low speed, just to combine. the dough will be very thick. add the chocolate chips and pour into the pan. bake at 180°C for 40 minutes or less.
when it’s completelly cooled (after 2 hours), pour the chocolate chips melted with the butter in boiled cream.

Копани инспирирани од Јамајка и Сиера Леоне

десетина пилешки копани
1-2 лути пиперки (полута подобро – јас ставив Scotch Bonnet pepper)
3 лажици путер од кикирики
2 лажици зејтин
4 лукчиња
сол и бибер

Копаните прво се варат. Од сите останати состојки се прави смеса во блендер и оладените копани се премачкуваат со неа и се ставаат во фрижидер да се маринираат преку ноќ или неколку саати. Потоа се печат во рерна на многу јако, додека не се заруменат.

Маја