многу сакам веге-бургери и ме радува дека и сите други дома ги прифаќаат. дали се од цвекло, грав, наут или модар патлиџан, никој не одбил добро веге-ќофте. овие направени со оноа што останува од цвекло и моркови кога правиме сок во соковник ми се омилени.
Continue Reading…мислам дека до сега немало волку долга пауза помеѓу рецептите на блогов. па, редно е да ја прекинеме. еве една супа, совршена за времево. а до следниот рецепт, кој се надевам ќе биде вкусен колач, ѕирнете на мојот инстаграм или фејсбук за инспирација за готвење. таму сум почесто, а понекогаш ставам и кратки инста–рецепти.
по бургерите од грав и наут, ја продолжуваме серијата вегетаријански бургери со овие од леќа, моркови и цвекло. ова е уште еден вкусен начин да се искористи пулпата која останува по цедењето сок, ама ако немате соковник, во бургерите ставете рендани цвекло и морков.
кога син ми мартин беше мал, многу сакаше леќа. можеше да ја јаде секој втор ден. другите денови сакаше гравче. ама веќе е пораснат и станат многу пробирлив во јадењето, па не сака ни леќа ни грав. а и на сите ни здосади манџата со леќа. затоа барам други идеи и рецепти со леќа и со неа правам супи, ќофтиња и салати.
Се вари компир и се сече на коцки со големина на залак.
Се вари леќа во вода, без сол.
Се остава да се оладат компирите и леќата.
Во мал сад се меша отприлика 2 лажици сенф, 2-3 лажици зејтин, бибер, многу малку мед, 3 лукчиња истолчени, сол и многу вински, не балсамик, оцет (околу пола чаша).
Се мешаат исецкан кромид, леќата, компирите, исецкана чадена јагула и исцедена и ситно исецкана кисела зелка.
Се поливаат со сосот и пак се мешаат. Се јаде и се ужива.
П.С. Оваа салата има многу состојки кои мирисаат доста јако. Не е препорачлива за романтични вечери.
200 гр леќа
1 кромид
5 чешниња лукче
пола тиквица
1 лажиче мелен кимин, што е различно од ким
1 лажиче лут црвен пипер
1 лута пиперка
пола конзерва цели лупени патлиџани
или еден свеж патлиџан
свеж магдонос или коријандер
сол, бибер
две лажици маслиново масло
леќата се вари во тенџере со вода, додека не омекне. во друго тенџере се пропржува кромидот на загреано маслоново масло, се додаваат кимот и црвениот пипер, тиквицата, пиперката и патлиџаните и сето тоа се остава да се испржи неколку минути. потоа се додава лукчето, леќата со малку од водата во која се варела, сол и бибер и сето тоа се вари уште малку за да се згусне. на крајот, откако ќе се тргне тенџерето од шпорет, се става сецканиот магдонос или коријандер. се јаде веднаш и бааги е луто.