крекери се секогаш добредојдени кај нас дома, и јас постојано испробувам нови рецепти. овие со семки и зрнца толку брзо и лесно се прават, што можете да ги направите секогаш кога ќе ви се пријадат, а одлични се за грицкање со хумус или гвакамоли, доволно цврсти да фатат убава количина хумус, а сепак не тврди како шперплоча. и вкусни се. менувајте им ги зачините како сакате.
знам дека за повеќето рецепти викам дека лесно се прават. тоа е една од работите што ми е мене важна, сакам да правам лесни рецепти, ретко се нафаќам на нешто комплицирано. а понекогаш не толку лесниот рецепт го менувам да биде лесен.
пред некое време почнав да ги правам овие топчиња за секое качување на планина и секогаш се добро примени. ги правам колку залче, и таман се, ме живнуваат, ама не само на планина или после трчање, туку и после работа или во било кое друго време кога ми фали малку енергија.
да ја почнеме годината на ситно сецкано со вкусен и лесен рецепт за крекери со тиква, посипани со разни крцкави додатоци. вкусни се со гвакамоле, хумус, сос од грав или пинџур, а и сами.