На денешен ден пред 13 години го почнавме блогот. Овој ролат е баш нешто што мноооогу ретко го правам, па е таман за прослава.
Continue Reading…и сирење и рукола и суви домати и калинка и мед… само немаше место за сето тоа во насловот. изгледа како нафрлани работи, ама заедно си одговараат многу добро и сендвичот е ептен вкусен.
од едно патување во истанбул, еднo од јадењата кои најмногу ми останаа во сеќавање е ручекот последниот ден пред да си одиме, во едно мало преполно кафанче во близина на египетскиот пазар во кое прво седнавме само да јадеме благо од кадаиф, сирење и шербет (кунефе), ама набрзо ја сменивме нарачката и јадевме цел ручек.
првото нешто што ни го донесоа беше салатата езме заедно со округли лепчиња и црвен булгур. беше неверојатно освежителна и вкусна, па пробав да ја направам и дома. најдов повеќе рецепти за неа, ама ја направив најмногу според овој. салатата е многу вкусна поради сите состојки, ама мислам дека сирупот од калинка и сумакот придонесуваат да биде освежителна и киселкаста.
пред скоро 2 години направивме една лимонада со краставица и ѓумбир, наречена “бесна лимонада” од наши читатели кои ја пробале, која не можевме ни да претпоставиме дека ќе стане нашиот најпопуларен објавен рецепт. ладниот чај, кој ви го претставуваме денеска е сериозна конкуренција на лимонадата, неверојатно освежителен и со интересен киселко-сладок-лут вкус од лимонот и сирупите од калинка и ѓумбир.
дома ретко јадеме вакви салати, со некоја житарка, иако се вкусни и е многу здраво да се јадат житарките цели и необработени. оваа шарена салата не може да не биде вкусна и здрава со сите интересни состојки во неа. и многу е згодна за прилагодување, употребете тоа што имате. наместо јачмен – просо, булгур, кус-кус…, наместо тиква – цвекло или моркови, наместо ф’стаци – бадеми, лешници, ореви, семки од тиква или сончоглед… тука добро би дошле и брокула или зелена салата.
ако до сега не решивте каква торта да направите за нова година, еве една чоколадна пита која во комбинација со калинките добива свеж вкус и свечен изглед.
панакота се прави многу лесно и брзо. само треба да отстои во фрижидер неколку часа или преку ноќ. овде слаткоста од кокосовото млеко одлично се надополнува со киселкастиот сируп од калинки.
знам, си викате “пак ли хумус?”. ама овој е сосема различен и многу многу вкусен. мароканскиот лимон му додава многу интересна арома.