лепче створено за љубетелите на пченкарните погачи, со изразен вкус од пченкарното брашно и палентата и зачинето со свежи ливчиња жалфија. парченцата колбас внатре се само уште еден плус на вкусот.
кога ќе купите една китка жалфија за да направите свинско со неа или да ја ставите помеѓу две тенки компирчиња кои ќе ги испржите во вкусен домашен чипс, треба да знаете дека ќе ви остане уште многу жалфија за други вкусни рецепти. еден од нив е овој, позајмен повторно од џејми оливер.
неодамна наидов на свежа жалфија на пазар и купив една китка. до сега немав пробано ништо зготвено со жалфија, освен чај, ама баш ми се свиѓа. очекувајте уште рецепти со жалфија.