Sweet potato red lentil soup | Sitno seckano

мислам дека до сега немало волку долга пауза помеѓу рецептите на блогов. па, редно е да ја прекинеме. еве една супа, совршена за времево. а до следниот рецепт, кој се надевам ќе биде вкусен колач, ѕирнете на мојот инстаграм или фејсбук за инспирација за готвење. таму сум почесто, а понекогаш ставам и кратки инстарецепти.

Sweet potato red lentil soup | Sitno seckano

scroll down for the recipe in english

супава ја склепав од зеленчуци кои ги имавме и требаше да се потрошат, и излезе многу вкусна, таман зачинета. ја јадевме со кефир, печено цвекло, сварен наут и копар, а доволно би било и само да биде посипана со семки од тиква и сончоглед.

1 – 2 лажици ладно цедено сончогледово масло

1 кромид, крупно исецкан

2 чешниња лукче, на тенки ливчиња

1 лажичка кумин во зрно (или мелен*)

1 l вода

1 голем сладок компир

½ шоља црвена леќа

½ шоља булгур

1 голема црвена пиперка

неколку крупни парчиња карфиол (околу третина од голем карфиол)

2 лажички сол

1 лажичка лут буковец

1 лажичка ѓумбир

свежо мелен црн бибер

загрејте го маслото на средно и ставете ги кромидот, лукот и куминот кратко да се испржат, само додека не омекнат. зголемете ја температурата на ринглата, додајте ја водата, па и слаткиот компир исечен на крупни парчиња (не мора да биде излупен), црвената леќа и булгурот. кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата и гответе ја супата десетина минути, а потоа додајте ги пиперката, карфиолот и зачините. повремено промешувајте, додека леќата и булгурот не се целосно сварени, а слаткиот компир и карфиолот малку омекнати. потоа изблендирајте ја и послужете ја.

ако сакате погуста супа, тргнете дел од течноста пред да ја блендирате, па додадете по потреба. исто така, може да се згусне откако ќе отстои во фрижидер, па ако сакате зачувајте ја извадената течност и додајте ја пред да ја загреете супата.

* ако употребите мелен кумин, ставете го во исто време со другите зачини.

Sweet potato red lentil soup | Sitno seckano

i admit i have neglected this blog a little. well, i’m breaking the silence with this soup, perfect for this time of the year. in the meantime, until the next recipe, which i hope to be a delicious cake, peak inside my insta or facebook for cooking inspiration. sometimes i post short instarecipes there.

we had some cauliflower and peppers that were waiting patiently for their turn to be used up, so i added them in this sweet potato soup and it turned out delicious and perfectly spicy. i served the soup swirled with homemade kefir, topped with roasted beets, chickpeas and dill. but it would be equally tasty just topped with crunchy sunflower and pumpkin seeds.

1 – 2 tablespoons extra virgin sunflower oil

1 onion, chopped

2 garlic cloves, sliced

1 teaspoon cumin seeds (or ground cumin*)

1 l water

1 big sweet potato

½ cup red lentil

½ cup bulgur

1 big red pepper

a few big cauliflower florets (about a third of a big cauliflower head)

2 teaspoons salt

1 teaspoon hot red pepper flakes

1 teaspoon ground ginger

freshly grated black pepper

heat the oil on medium and saute the onion, garlic and cumin seeds just until softened. raise the temperature, add water, sweet potato in large chunks (no need to peel), red lentils and bulgur. bring to boil, then simmer for ten minutes. add the red pepper, cauliflower and spices and cook, stirring occasionally until the lentils and bulgur are fully cooked, and the sweet potato and cauliflower are tender. blend and serve.

if you prefer thick soup, remove some of the liquid before blending, and add back again if necessary. the soup thickens when kept in the fridge, so you might want to keep the liquid and add it before heating the next day.

* if using ground cumin add it at the same time with the other spices.

Save

Save

Save

Print Friendly, PDF & Email
previous post: ‘Ржана галета со сливи / Rye plum galette
next post: Колач со лимон / Lemon cake

Leave a Reply