Sweet potato muffins | Sitno seckano

многу меки и сочни мафини. со убаво изразен вкус на сладок компир, нешто што мене многу ми се допаѓа, ама и не толку големите љубители на слатки компири кај мене дома ги одобрија.

дури и помеки и посочни од колачот со сладок компир и од брауните со виолетов сладок компир. или можеби само така ми се чини затоа што овие мафини ми се свежи во сеќавањето. ќе треба повторно да ги направам колачот и брауните за споредба. во секој случај, нема промашување кога ќе се додадат слатки компири во колачи.

Sweet potato muffins | Sitno seckano

2 испечени слатки компири, излупени и смачкани со вилушка, околу 1 ½ шоља или нешто повеќе
1 лажица зачини (цимет, мускатно оревче, ѓумбир, каранфилче, кардамом)
¼ шоља масло
½ шоља јогурт
1 јајце
¾ шоља шеќер
1 шоља бело брашно тип 500
¾ шоља интегрално брашно
1 лажиче сода бикарбона

измијте ги компирите, избоцкајте ги со вилушка на неколку места и ставете ги да се печат на 200°C, додека не омекнат (тоа може да биде од половина до цел час, во зависност од тоа колкави се компирите, затоа проверувајте ги од време на време). потоа расечете ја лушпата и со лажица извадете го омекнатото месо.

на изгмечените слатки компири додајте им ги зачините, маслото, јогуртот и јајцето и изматете ги рачно. додајте го шеќерот и повторно изматете. потоа ставете ги брашната и содата и полека измешајте сé со лажица или шпатула. истурете ја смесата во тавче за мафини, подмачкано со масло или обложено со хартиени чашки. убаво наполнете ги вдлабнатините.

печете ги мафините прво 5 минути во рерна загреана на 215°C, па уште околу 18 минути на 175°C.

 

Sweet potato muffins | Sitno seckano

 

Sweet potato muffins | Sitno seckano

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Овесни снегулки / Oat flakes
next post: Тартчиња од кори / Filo dough tarts

2 Comments

  1. Odlično izgledaju! Super recept! 🙂

Leave a Reply