можеби вас коктелите ве асоцираат на викенд или одмор, ама мене некои денови добро ми доаѓа по еден ваков коктел после работа. инспирацијата е од овде.
scroll down for the recipe in english
прво направете сируп од 1 шоља вода и 230 gr шеќер. загрејте ја водата додека шеќерот не се стопи. оставете го сирупот да се олади, а потоа можете да го чувате во фрижидер.
за 1 чаша:
40 ml сируп
3-4 јагоди
10-тина ливчиња нане, цели или исецкани
кисела вода
сок од ½ лимон
60 ml светол рум
во голема чаша ставете ги сирупот, јагодите и нането и смачкајте ги убаво јагодите и нането. додадете ги сокот од лимон и румот, промешајте. ставете многу мраз и дополнете ја чашата со кисела вода. украсете ја чашата со грaнче нане и јаготка, седнете си на балкон или во двор и уживајте.
maybe to you cocktails mean weekend or holiday, but i found that some days a cocktail like this is really refreshing after work. the inspiration came from here.
first make the simple syrup. combine 1 cup water and 230 gr sugar in a medium saucepan. heat until sugar is completely dissolved. leave it to cool, then store in the fridge until ready to use.
for one glass:
40 ml of simple syrup
about 3-4 strawberries
about 10 fresh mint leaves (chopped or whole)
soda water
juice from ½ lemon
60 ml of light rum
in a big glass put the simple syrup, strawberries and mint leaves and smash them together with the back of a spoon. add the lemon juice and rum and stir well. put a lot of ice and fill the glass with soda water. garnish with mint sprigs and strawberries, sit on your terrace and enjoy.
next post: Чорба од јогурт / Yogurt soup / Yayla Çorbası