неодамна нè контактираа луѓето од electrolux сo интересен предлог за соработка. ние предлогот со задоволство го прифативме и еве, овој рецепт е првиот плод на таа соработка: лосос зготвен на пареа.
за тројца:
6-7 парчиња лосос
неколку цветови липа
тавче или тенџере со решетка и капак
во тавчето сипете вода и ставете неколку цветови липа. ставете ја решетката и наредете ги парчињата лосос, посолени и со по едно цветче липа на секое парче. поклопете го сето тоа со капак и ставете го во загреана рерна на 250°C да се готви околу пола саат. од време на време проверете ја водата под решетката, ако испари дотурете зовриена.
ние лососот го јадевме (и го изедовме) со варени компири, младо кромитче и лукче и сосче направено од пола павлака, 1 лажица мајонез, 1 смачкано лукче и малку вегета. беше мнооооогу вкусно.
not long ago we were approached by the people from electrolux with an interesting idea for a collaboration. we gladly accepted and this recipe is the first result of this collaboration: steamed salmon.
for 3:
6-7 salmon cutlets
linden flowers
a pot or pan with a grid and a lid
pour water in the pan and put a few linden flowers. put the grid on and arrange the salmon, sprinkle with salt and put one linden flower on each piece. cover with the lid and put in the oven preheated on 250°C for an half an hour. check the water from time to time, if it’s evaporated, refill with boiled water.
we ate the salmon with boiled potatoes, scallions and green garlic and a sauce made from half a cup sour cream, 1 tablespoon mayonaise, 1 crushed garlic clove and a pinch of vegeta. it was delicious.
next post: Зелено чудо фрапе …… Green monster