еве нé пак со рецепт на пареа. јадењата зготвени на пареа баш ни се свиѓаат, лососот ни е хит, неколку пати го правев и секогаш беше многу добар, ама постојано барам и нови идеи за готвење на пареа. идејата за ова јадење ја добив од книгата successful steam cooking, целата посветена на рецепти за готвење на пареа. има тука некои школки, ракчиња, карфиоли, крушки и сливи кои ме викаат да ги пробам. ама прво, еве како да го зготвите цвеклото:
излупете и исечете на крупни парчиња неколку цвекла и помешајте ги со неколку суви гранчиња чубрица. ставете ги во сад со дупчиња (јас ги ставив во метална цедалка), па врз тенџере со вода (цвеклото не треба да ја допира водата), поклопете со капак и оставете ја водата да зоврие, а потоа на тивко оставете го цвеклото да се готви на пареа уште 30тина минути.
потоа истурете го цвеклото во садот во кој ќе го послужите, веднаш додека е топло помешајте го со парче путер и додадете му ливчиња рукола. јас заборавив да ставам сол, ама вака беше многу убаво. сол не му ни требаше, вкусот на цвеклото сам беше доволен. го јадевме со свински бут без коска мариниран во црвено вино и сенф и со млади компири.
next post: Поклон на пареа / Steamed giveaway