ова јадење го направив за сите оние кои постат периодов. беше многу вкусно, a зготвено е без масло, што беше многу лесно да се направи во керамичко тенџере кое не се лепи, ама мислам дека кромидот може да се зготви во било какво тенџере без масло, со додавање малку вода.
scroll down for the recipe in english
рецептот е од овде.
за тројца:
1 црвен кромид, ситно исецкан
3 лукчиња, истолчени
1 лажиче мелен коријандер
1 лажиче црвен пипер
½ лажиче куркума
2 лажици домашен кечап (или 1 лажица доматно пире)
2 шољи вода
1 лажица мешан сушен зеленчук
2 лажици булгур
¼ – ½ kg спанаќ, измиен и исчистен
сол и црн бибер
пропржете го кромидот кратко во загреано тенџере, потоа додадете ги истолчените лукчиња, куркумата, коријандерот и црвениот пипер и промешајте. додадете ги кечапот и водата, а кога водата ќе зоврие, ставете го булгурот, промешајте и намалете ја температурата. гответе го булгурот на тивко, со капак, околу 15 минути, или додека не омекне.
ставете во манџата сол и бибер по вкус. ставете ги листовите спанаќ и промешајте спанаќот да спласне, па тргнете го тенџерето од шпорет.
1 red onion, finely chopped
3 garlic cloves, minced
1 teaspoon ground coriander seeds
1 teaspoon red chili pepper flakes or paprika
½ tsp turmeric
2 tablespoons homemade ketchup (or 1 tablespoon tomato paste)
2 cups water
1 tablespoon mixed dried vegetables
2 tablespoons bulgur
¼ – ½ kg spinach
salt and black pepper
heat the non-stick pot and fry the onion briefly. add the garlic, turmeric, coriander and pepper flakes and stir. add the ketchup and water and bring to boil. add the bulgur and stir again. lower the heat to a gentle simmer and cook covered until the bulgur is tender, about 15 minutes.
season with salt and pepper, add the spinach leaves, stir until the spinach wilts and serve.
next post: Чоколадно-портокалова торта / Chocolate-orange cake
This dish looks delicious! I have never eaten bulgar before but your pictures make it look so good and tasty.
I must try this recipe soon.
thank you, nancy.