многу сакам салата од грав. онаква обична, сварен грав, исецкан кромид, сол, бибер, оцет, масло. ама зошто на тоа да не се додаде уште нешто? некогаш свежа рукола, а некогаш спанаќ, некогаш лукче наместо кромидот. салатава е толку вкусна, што долго ќе ви остане во сеќавање.
scroll down for the recipe in english
1 шоља грав, шарен или бел, сварете го и исцедете го
2-3 лукчиња, исецкани, запржете ги на малку маслиново масло, загреано на средно, ама да не добијат кафеава боја
200-300 gr спанаќ, исчистен од дршките, убаво измиен и исцеден, ставете го во загреаното масло со лукчето и промешајте додека спанаќот малку не спласне
потоа измешајте го спанаќот со гравот, додадете сол, бибер и оцет балсамик, промешајте и можете да ја послужите. убава е и топла и ладна.
i love bean salad. just plain cooked beans with onion, salt, black pepper, oil and vinegar. but why not add something else? sometimes it’s fresh arugula, other times spinach and garlic instead of onion. this salad is so tasty, you’ll remember the taste for long.
1 cup beans, white or black-eyed or your favorite, cook and drain
2-3 cloves garlic, sliced, saute them in a little olive oil, on a medium heat, careful not to brown them
200-300 gr spinach, leaves picked, washed well and drained, add to the heated oil and the garlic and stir until it wilts a little
then mix the spinach and the beans, season with salt and black pepper, add a splash of balsamic vinegar and serve. this salad is good warm or cold.
next post: Зелка манџа / Cabbage stew
Trackbacks for this post