овие лепчиња имаат многу интересен вкус. однадвор имаат убава коричка со вкус на квики переци, а внатре се меки и воздушести.
scroll down for the recipe in english
рецептот е од тука.
за 12 земички:
1 кесичка сув квасец
1/4 лажичка сол
2 лажичка шеќер
1 шоља топла вода
3 шољи сенаменско брашно
1/8 лажичка црвен пипер
2 лажици путер, омекнат на собна температура
1/3 шоља сода бикарбона
1 жолчка + 1 лажица вода
1-2 лажици сусам, ленено семе или крупна сол
во мала здела измешајте ги квасецот, шеќерот, солта и топлата вода и оставете ги да стојат 5 минути. во вангла, измешајте ги брашното и црвениот пипер, додајте го путерот и мешајте со прсти да се поврзе со брашното. полека истурете ја водата со квасец и промешајте со вилушка, па потоа почнете да го месите тестото со раце, на маса посипана со брашно или во ванглата, како ви е згодно, додека тестото не стане мазно и не престане да се лепи. потоа оставете го тестото да нарасне во ванглата покриено со крпа или кеса околу 30 минути.
исечете го тестото на 12 еднакви парчиња (моите не се баш еднакви) и секое оформете го во земичка. наредете ги земичките во големо тавче врз хартија за печење и оставете ги повторно да нараснат 20 минути.
загрејте ја рерната на 240°C, а во големо тенџере загрејте 10 шољи вода со сода бикарбоната. кога ќе зоврие варете ги земичките по 45 секунди од секоја страна. ставајте во тенџерето само по неколку за да не се преклопуваат. вадете ги од тенџерето со решеткаста лажица и ставајте ги на решетка или на крпа да се исцедат, па вратете ги во тавчето за печење.
премачкајте ги со изматена жолчка со 1 лажица вода, посипете ги со сол, сусам или ленено семе и засечете ги малку на неколку места.
печете ги околу 13-15 минути.
these rolls have a nice crust on the outside, but are soft and airy inside.
the recipe is from here.
for 12 rolls:
2 1/4 teaspoons dry active yeast
1/4 teaspoon salt
2 teaspoons sugar
1 cup warm water
3 cups all-purpose flour
1/8 teaspoon cayenne pepper
2 tablespoons unsalted butter, softened
1/3 cup baking soda
1 egg yolk plus 1 tablespoon water
1-2 tablespoons sea salt, sesame seeds or flax seeds
in a small bowl, mix yeast, salt, sugar and warm water and stir to dissolve sugar. let sit 5 minutes until foamy. in a large bowl, mix flour and cayenne. use your fingers to cut butter into flour until mixture resembles coarse meal. slowly pour yeast mixture into flour and stir with a fork to combine. use your hands to gather dough together and turn out onto a lightly floured surface and knead until no longer sticky and fairly smooth. return to bowl, cover with plastic and let rise 30 minutes.
cut dough into 12 equal pieces (mine are not so equal) and roll each into a ball between the palms of your hands. then roll ball on surface forming into a roll with slightly tapered ends. transfer to a parchment paper lined baking sheet and repeat with remaining dough. let rise 20 minutes.
preheat oven to 240°C. in a large pot, combine 10 cups of water with baking soda and bring to a boil. boil rolls in batches until puffy about 45 seconds per side. transfer to wire rack to drain.
return to baking sheet, brush with egg yolk wash, sprinkle with salt or seeds and lightly score with a sharp knife.
bake until golden to dark brown, 13-15 minutes.
next post: Сладолед од јаболкa / Apple ice cream