ова смути од последните зимски овошја ќе ве освежи после работа или после школо и ќе ви даде енергија додека ручекот не биде готов.

scroll down for the recipe in english

за една голема чаша:

1 мала банана

1 помало јаболко

2 лажици сируп од урми (рецептот е подолу)

сок од 2 портокала (заедно со месото од портокалот)

изблендирајте ги сите состојки заедно и претурете го смутито во голема чаша. или напревете двослојно смути: изблендирајте ги прво бананата со една лажица сируп од урми и сок од еден портокал и префрлете го тоа во чаша, па изблендирајте го јаболкото со останатиот сируп од урми и сокот од вториот портокал и внимателно претурете го врз смутито од банана.

 

сируп од урми:

сирупот од урми е одличен начин да се заслади нешто без употреба на бел шеќер. само изблендирајте неколку урми со малку вода додека не добиете сируп. може да додадете вода за да ја добиете саканата густина.

јас имав суви урми кои не се блендираа лесно (или мојот блендер веќе е истапен), па прво ги потопив со врела вода и ги оставив да омекнат преку ноќ во фрижидер, а потоа ги изблендирав.

можете да го користите сирупот од урми како замена за шеќер во колачи, врз мусли или како кремче за полнење кифлички.

use the last of the winter fruits for this refreshing smoothie that will give you energy after work or after school.

for one big glass:

1 small banana

1 small apple

2 tablespoons date syrup (recipe follows)

juice from 2 oranges

blend everything together and pour in a big tall glass. or make two-layer smoothie by first blending the banana with 1 tablespoon date syrup and juice from 1 orange, pour in a big glass, then blend the apple with the rest of the date syrup and the juice from the second orange and pour carefully over the banana smoothie.

 

date syrup:

date syrup is a great raw natural sweetener. just blend dates with a little water until creamy and add water to achieve the consistency you like.

my dates were very dry so i poured hot water over them and let them soften overnight in the fridge before blending.

use this data syrup in place of sugar in baking, over muesli or as a filling for cookies.

 

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Кисел црвен кромид / Pickled Red Onion
next post: Салата од грав и спанаќ / Spinach bean salad

Leave a Reply