Seed crackers | Sitno seckano
крекери се секогаш добредојдени кај нас дома, и јас постојано испробувам нови рецепти. овие со семки и зрнца толку брзо и лесно се прават, што можете да ги направите секогаш кога ќе ви се пријадат, а одлични се за грицкање со хумус или гвакамоли, доволно цврсти да фатат убава количина хумус, а сепак не тврди како шперплоча. и вкусни се. менувајте им ги зачините како сакате.

Seed crackers | Sitno seckano
¼ шоља зрна чиа
¼ шоља сончоглед
¼ шоља семки од тиква
¼ шоља овесни снегулки
2 лажици ленено семе
½ лажиче сол
зачини (сушен лук, оригано, лут буковец…)
¼ шоља интегрално ‘ржано брашно (или некое друго)
2 лажици ладно цедено сончогледово масло
1 шоља вода
измешајте ги сите состојки со лажица и оставете ги да отстојат околу 30 минути. за тоа време мешавината ќе ја впие водата и ќе се згусне. потоа исукајте ја мешавината помеѓу две парчиња хартија за печење. смесата е леплива, ама вака, со харија, лесно оди. јас го правам тоа врз задната страна на најголемото тавче од рерната. одлепете ја внимателно горната хартија, со нож за пица или обичен нож засечете линии по кои крекерите полесно ќе се кршат (ама и не мора ако сакате неправилни форми и големини) и ставете го тавчето во рерна загреана на 150°C. печете ги крекерите околу 30 минути, ама повремено проверувајте ги и, ако рерната не пече рамномерно секаде, завртете го тавчето на пола печење. потоа оставете ги да се оладат, искршете ги и пробајте да не ги изедете одеднаш.
пробајте со разни зрнца, семки и зачини, само држете се до количините на брашното, водата и чиата од оригиналниот рецепт.
Seed crackers | Sitno seckano

we love crackers, so i collect recipes and often make some of them. these seed crackers are so easy to make, you can make them any time you feel like munching on something crunchy. perfect for scooping hummus and guacamole. try changing the spices and seeds, but keep the amount of chia seeds, flour and water as in the original recipe.

¼ cup chia seeds
¼ cup sunflower seeds
¼ cup pumpkin seeds

¼ cup oats flakes

2 tablespoons flax seeds
½ teaspoon sea salt
spices (dry garlic powder, oregano, hot pepper flakes…)

¼ cup wholegrain rye flour (or another wholegrain flour)

2 tablespoons cold pressed sunflower oil

1 cup water

mix all the ingredients with a spoon and leave for about 30 minutes. the mixture will absorb the water and will thicken. roll the dough between two pieces of parchment paper. the dough is very sticky, but it’s easy with the paper. i do this on the back of the biggest cookie sheet. carefully remove the top piece of parchment paper, score the dough into squares using a knife or pizza cutter and bake the crackers in an oven preheated at 150°C, for about 30 minutes. check on them occasionally, and rotate the pan if your oven is not baking evenly. leave to cool, then break into squares and try not to eat them all at once.

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Ванила сладолед со печени вишни / Roasted sour cherry vanilla ice cream
next post: Колаче со праски / Peach cake

Leave a Reply