Savory oat breakfast with fried egg, sauted spinach and roasted zucchini and peppers | Sitno Seckano

ова не е ни рецепт. ова се само идеи за еден солен појадок со една состојка која најчесто ја јадеме во блага варијанта. само мене сé почесто ми треба солен појадок. се разбира, некоја крофна, чоколадна кифла или гранола со мед би биле совршени со првото (или второто) кафе, ама сé почесто ги гледам како десерт после солениот дел. затоа ваква некоја комбинација многу ми се допаѓа.

изборот на додатоците е бесконечен, можете да искористите тоа што имате во фрижидер. знам дека можете да замислите ленти сланина на местото на тиквицата или пржени печурки, печен прокељ…. храна од која долго ќе бидете сити, а нема да ве успори и успие.

дали сте пробале овес во цело зрно? многу е вкусен. јас обично го варам во вода и го јадам со некое свежо овошје и мед или домашно слатко. од 1 шоља овесни зрна се добива доволно сварен овес за 4 вакви појадоци. ако ви остане, може да стои во фрижидер цела недела, само малку се згуснува.

овес:

ставете го овесот да се вари во вода, во однос 1:5, на тивко-средно, во полупокриено тенџере, околу 45 минути, или додека зрната не омекнат.

тиквици и пиперки:

исечете ги тиквиците на тенки ленти, пиперките на стапчиња и испржете ги во ребрасто тавче, на малку масло, на многу јако, по 1 минута од двете страни, само додека малку не омекнат и не им се појават шари.

спанаќ:

испржете на кратко 1 младо лукче на ладно цедено сончогледово масло, додајте 2 – 3 шаки измиен спанаќ, сол, бибер, лут буковец и гответе го спанаќот кратко, 2 минути, со повремено мешање, додека не спласне.

сето ова е супер, ама за мене не е комплетно без јајце на око, нешто што би можела да го јадам секој ден. до пред некоја година бев за кајгана во разни варијанти (со сирење, урда, младо кромитче, блитва…), ама сега сакам јајце на око, со течна жолка. и рендан пармезан. а овесот прелијте го со маслото во кое се пржеа пиперките, полно е со пиперкаст вкус.

Savory oat breakfast with fried egg, sauted spinach and roasted zucchini and peppers | Sitno Seckano

 

 

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Овошни крекери / Fruit bread crackers
next post: Едноставно чоколадно колаче / Simple chocolate cake

3 Comments

  1. Cveta

    Одлична идеја за појадок! Само ве молам пишете каде можам да купам овес во зрно. До сега сум купувала само овесни снегулки.

    Благодарам и убав ден 🙂
    Цвета

  2. Фала, Цвета. Јас купувам овес во зрно по самопослугиве, има во кесички од по 250г, кај здравата храна. Малку е ситен текстот на етикетата, ама со лупа се чита 🙂 А можда има и на пазар, ама не сум барала.
    Убав ден и тебе.

Trackbacks for this post

  1. Овесни снегулки / Oat flakes - Sitno Seckano

Leave a Reply