лепче створено за љубетелите на пченкарните погачи, со изразен вкус од пченкарното брашно и палентата и зачинето со свежи ливчиња жалфија. парченцата колбас внатре се само уште еден плус на вкусот.
многу брзо се прави, а ако решите да го печете во калапи за мафини, се пече уште побрзо.
scroll down for the recipe in english
1 шоља сенаменско брашно
1 шоља пченкарно брашно
1 лажица сода бикарбона
1 лажица шеќер (или мед)
1/2 лажиче сол
исушена мајчина душица
1/2 – 1 шоља кашкавал, исечен на многу мали коцки
1 шоља јогурт
2 јајца
1/2 шоља масло
6 – 7 ливчиња свежа жалфија, грубо исецкани
+ цели ливчиња потопени во масло и наредени по површината, после 10-тина минути печење
измешајте ги брашната во голема вангла, заедно со сода бикарбона, сол, шеќер, мајчина душица и коцките кашкавал. додајте ги јогуртот, млекото, јајцата и маслото и промешајте со лажица или вилушка, а потоа и коцките колбас и исецканите ливчиња жалфија.
истурете го тестото во калап за леб со димензии околу 10 x 25 cm и ставете го да се пече околу 35 – 40 минути, во рерна загреана на 200°C. може да се пече и во калапи за мафини, за што треба значително помалку време. проверете со чепкалка дали е готово.
рецептот е прилагоден од овде.
this little bread will make cornbread lovers happy. it has a distinguished cornbread taste and sage aroma, and the little sausage cubes are only adding to the deliciousness.
1 cup all purpose flour
1 cup cornflour
1 tablespoon baking soda
1 tablespoon sugar (or honey)
1/2 teaspoon salt
1 tablespoon dried thyme leaves
1 cup cheddar cheese, cubed
1 cup yogurt
2 eggs
1/2 cup vegetable oil
6 – 7 fresh sage leaves, coarsely chopped
more sage leaves, dipped in oil and arranged on the bread after 10 minutes baking
combine the flours with baking soda, sugar, salt, thyme and cheese. add the yogurt, milk, eggs and oil and mix with a spoon or fork. add the sausage cubes and chopped sage leaves and pour into a greased loaf pan.bake in an oven preheated at 200°C for 35 – 40 minutes or until a toothpick inserted in the center comes out clean. you can also bake it in a muffin pan, which takes notably less time.
recipe adapted from here.
next post: Пица со праз / Leeks pizza
Многу вкусно делува, ќе мора да го пробам деновиве. Едвај чекам 🙂