не знам за што попрво да ви кажам од ова јадење. дали за сочното свинско испечено во глинен сад romertopf, за печениот сладок компир, праз и други зеленчуци или за сосот од кикирики, кој совршено оди со нив. треба повеќе време да се зготви сето тоа, ама освен сецкањето на зеленчукот, нема многу работа.
scroll down for the recipe in english
готвењето во ваков глинен сад, romertopf, бара претходно планирање, затоа што е потребно садот и капакот барем половина час да стојат во вода. потоа само истријте го месото со сол и бибер и ставете го во садот, без да ставате масло. поклопете го и ставете го да се пече во незагреана рерна. може да се додаде малку вода, а месото е готово по 1 – 2 часа, во зависност од големината на парчето.
зеленчуците кои ги испеков се комбинација која во моментот се најде дома. тиквица, кромид, моркови, сладок компир и праз. тука може да дојде и модар патлиџан, цвекло, пиперки, бамји, прокељ, карфиол… мене многу ми се допаѓа слаткиот компир печен и често го правам и пробувам да ги убедам и другите дома дека е многу вкусен, ама сепак на крајот слаткиот компир останува само за мене.
исечете ги зеленчуците на парчиња со отприлика иста големина и ставете ги да се печат на 200°C, со малку маслиново масло, сол и бибер. печете ги околу 30 – 50 минути, во зависност од тоа кои зеленчуци ќе ги употребите. еднаш – два пати промешајте ги во текот на печењето.
идејата за оваа вечера е од книгата “A practical cook’s encyclopedia of Malaysia & Singapore”, а рецептот за сосот од кикирики од блогот sprouted kitchen.
за сосот од кикирики:1 шоља путер од кикирики
2 – 3 чешниња лукче
3 лажици рендан свеж ѓумбир
сок и рендана кора од еден лимон
1 лажиче буковец
2 лажици мед
3 лажици соја сос
2 лажички оцет
2 лажички масло од сусам
2 – 4 лажици кокосово млеко
изблендирајте ги сите состојки заедно. додајте помалку или повеќе кокосово млеко да ја добиете саканата густина и префрлете го сосот во тегла. може да стои една недела во фрижидер.
for the peanut sauce:
1 cup peanut butter
2 – 3 cloves garlic
3 tablespoons fresh ginger, grated
zest and juice of one lemon
1 teaspoon red pepper flakes
2 tablespoons honey
3 tablespoons soy sauce
2 teaspoons vinegar
2 teaspoons sesame oil
2 – 4 tablespoons coconut milk
blend all of the ingredients together in a blender or food processor. adjust the coconut milk quantity to achieve desired thickness. transfer to a jar and keep in the fridge for about a week.
next post: Пченкарно лепче со жалфија / Sage cornbread
Trackbacks for this post