сите знаеме дека е добро да се јаде риба, барем еднаш неделно… или три пати. ние најчесто јадеме пастрмка, едноставно испечена, а кога имам време ѝ додавам компири и кромид. вака испечен, кромидот е многу вкусен, стопен и сладок.

scroll down for the recipe in english

pecena pastrmka-11

за тројца:

3 пастрмки, исчистени и измиени

1 голем кромид

3 компира

3 – 4 чешниња лукче

свеж рузмарин

маслиново масло

сол, бибер

магдонос и други тревки

лимон (по желба)

pecena pastrmka-15

исечете ги кромидот и компирите на кругчиња со дебелина од околу 5 mm. раздвојте го кромидот на прстени и наредете ги на дното на тавчето. врз него наредете ги кругчињата компир и ставете ги лукчињата, цели, неизлупени. прелијте ги компирите со маслиново масло и посипете ги со сол, бибер и сецкан рузмарин. ставете ги компирите и кромидот да се печат во рерна загреана на 200°C околу 20 – 25 минути.

потоа ставете ги пастрмките врз компирите, посипете ги со сол и бибер од внатре и од надвор и ако сакате, наполнете ги со многу гранчиња свеж магдонос или други тревки. врз нив можете да наредите по неколку кругчиња лимон, само јас тоа ретко го правам. вратете го тавчето во рерна и печете ги рибите околу 20 минути.

pecena pastrmka-18

you all know fish is good for you. we try to have it as often as we can, usually simply roasted trouts, but when i have a little extra time, i add potatoes and onions like this. i love how the onion melts under the potatoes.

pecena pastrmka-23

3 trouts, cleaned and washed

1 big onion

3 potatoes

3 – 4 garlic cloves

fresh rosemary

olive oil

salt, black pepper

fresh parsley or other fresh herbs

lemon

pecena pastrmka-26

slice the onion and potatoes in 5 mm thick slices. arrange the onion rings on the bottom of a large pan and the potatoes over them. drizzle heavily with olive oil and sprinkle with salt, black pepper and chopped fresh rosemary and scatter the garlic cloves. put the pan in an oven preheated at 200°C for about 20 – 25 minutes.

then, arrange the trout over the potatoes, sprinkle with salt and black pepper and fill with lots of fresh parsley and other herbs. you can put a couple of lemon slices over them. put the pan back in the oven and roast the trout around 20 minutes.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Колачи со киноа / Quinoa cookies
next post: Торта со јагоди / Strawberry cake

Trackbacks for this post

  1. Посно / Vegan - Sitno Seckano

Leave a Reply