за каша од сурова хељда не ви треба строг рецепт. откако ќе отстои во вода, изблендирајте ја со некоја течност (млеко, јогурт, кефир, растително млеко, сок…), зрна, семки, јаткасти плодови, свежо и/или замрзнато овошје, зачини (ванила, цимет…), нешто за заблажување (мед, суви овошја…). испробајте разни комбинации и видете што најмногу ви се допаѓа, а еве како ние ја јадевме за појадок пред некој ден.
scroll down for the recipe in english
за 3 – 4 порции:
1 шоља зрна хељда
шака бадеми
1 лажица семе чиа
½ шоља кефир
2 јаболка
шака замрзнати капини
ставете ги зрната хељда и бадемите во вода, во посебни садови, и оставете ги неколку часа или до следниот ден. потоа исплакнете ги и изблендирајте ги заедно со другите состојки.
надополнетe со кришки јаболко, банана, какао зрнца, семки од тиква, мед, цимет и кафе.
можете да направите поголема количина за да имате и следните денови, само имајте во предвид дека ако користите домашен кефир тој со тек на време станува покисел.
there is no strict recipe for making raw buckwheat porridge. after soaking in water, blend with a liquid (milk, yogurt, kefir, plant milk, fruit juice…), nuts, seeds, fresh and/or frozen fruit, spices (vanilla, cinnamon…), something for sweetness (honey, dried fruits…). try different combinations to see what satisfies you. here is how we made buckwheat porridge for breakfast the other day.
serves 3 – 4:
1 cup buckwheat groats
a handful of almonds
1 tablespoon chia seeds
½ cup kefir
2 apples
a handful of frozen blackberries
soak the buckwheat and almonds in water, in separate bowls for a few hours or overnight. then drain, rinse and blend with the rest of the ingredients.
garnish with apple slices, banana, cocoa nibs, pumpkin seeds, honey, cinnamon and enjoy with a cup of coffee.
keeps in the fridge for a few days, just bear in mind that homemade kefir will become more sour and stronger in taste the next days.
next post: Кокошка печена во глинен сад / Clay pot roasted chicken
surova heljda 🙂
fala za receptot!
😉 bb