Quick pickled vegetables | Sitno seckano

во последно време многу ми се важни брзи рецепти. како тестото за пица од минатиот пост, или оваа туршија која може веднаш да се јаде, после само неколку часа, без чекање со недели да се скисели.

scroll down for the recipe in english

можете да употребите и други зеленчуци (ротквици, цвекло, пиперки…), мене идејата ми беше да направам туршија слична на онаа што ја правеше баба ми, иако таа ставаше и зелени домати и мали дињчиња. трупката ја додадов за проба и излезе многу добра.

за две тегли од 1,3 l:

3 шољи вода
3 шољи оцет
3 лажици сол
3 лажици шеќер
пола карфиол
10-тина моркови
5 – 6 краставички
1 трупка
коријандер во зрно
црвен бибер во зрно
црн бибер во зрно
2 лукчиња

измијте го зеленчукот, излупете ги морковите и трупката, карфиолот исечете го на крупни парчиња. наполнете ги теглите, убаво притиснете ги зеленчуците и додајте ги зачините во зрна и лукчето исечено на тенки ливчиња. пробајте и други зачини, зрна синап, каранфилчиња, анасон…

загрејте ги водата и оцетот со солта и шеќерот, па кога течноста ќе зоврие, истурете ја во теглите врз зеленчукот. зеленчукот треба да биде целосно потопен во течноста, затоа притиснете го убаво. оставете 1-2 cm простор помеѓу течноста и капакот на теглата, затворете ги теглите и оставете ги да се оладат. потоа чувајте ги во фрижидер. зеленчукот може да се јаде после 4-5 часа, а веќе следниот ден е уште повкусен.

Quick pickled vegetables | Sitno seckano

lately i really appreciate quick recipes, like the pizza dough from the last post, or these pickled vegetables, that can be served after just a few hours, without waiting for weeks for them to ferment.

other vegetables can be used, too, like beets, peppers, radishes… i wanted to make pickles like my grandmother used to make, although she also put green tomatoes and small melons along the cauliflower, carrots and cucumbers. i experimented with the turnip and it turned out delicious.

for two 1.3 l jars:

3 cups water
3 cups vinegar
3 tablespoons salt
3 tablespoons sugar
half head of cauliflower
around 10 carrots
5-6 pickling cucumbers
1 turnip
coriander seeds
pink peppercorns
black peppercorns
2 garlic cloves, thinly sliced

wash the vegetables, peel the carrots and turnip, cut the cauliflower in large florets. fill the jars with vegetables making sure they are well pressed. add the spices and garlic cloves. other spices to try: mustard seeds, cloves, fennel seeds…

heat the water, vinegar, salt and sugar in a pot, until it starts boiling. pour the hot liquid over the vegetables in the jars. the vegetables should be completely submerged, press them if needed. leave a 1-2 cm of room between the liquid and the lid, cover the jars and let cool. then keep in the fridge. the pickles can be served after 4-5 hours, but they are even tastier the next day.

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Save

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Брзо тесто за пица / Quick pizza dough
next post: Колач со сладок компир / Sweet potato cake

Leave a Reply