сте пробале ли сладок компир? мене многу ми се допаѓаат оние портокаловите испечени на коцки или стапчиња. ама кога видов дека кај нас има и виолетови, морав да ги пробам и нив. имаат речиси ист вкус како портокаловите, па можат да се користат во исти рецепти, и солени и благи.
scroll down for the recipe in english
идејата за рецептот е од тука.
1 среден виолетов сладок компир
3 јајца
¼ шоља сончогледово масло
½ шоља шеќер
3 лажици брашно
3 лажици какао
1 лажичка мелен цимет
½ лажичка мелен ѓумбир
½ лажичка мелено мускатно оревче
1 кесичка ванилин шеќер
¼ лажичка прашок за пециво
100 g темно чоколадо, исецкано на коцкички
прво испечете го слаткиот компир завиткан во алуминиумска фолија на 200°C, околу 50 – 70 минути. готов е кога ќе може лесно да се прободе со вилушка.
излупете го и изгмечете го, додајте ги јајцата, маслото, шеќерот и ванилиниот шеќер и изматете со миксер. додајте ги брашното, какаото, зачините и прашокот за пециво и повторно изматете додека сé не е рамномерно измешано. потоа додајте ги парченцата чоколадо и измешајте со лажица.
истурете го тестото во тавче (отприлика 27×15 cm) премачкано со путер и печете го околу 35 минути во рерна загреана на 175°C. гледајте средината да остане мека, не целосно испечена, кога ќе се оладат, браунсите се стврднуваат малку.
have you ever tried sweet potatoes? i like the orange ones, roasted in cubes or sticks. so i had to get some purple sweet potatoes when i saw them in the store. they are very similar in taste and can be used in recipes interchangeably ама кога видов дека кај нас има и виолетови, морав да ги пробам и нив. имаат речиси ист вкус како портокаловите, па можат да се користат во исти рецепти, и солени и благи.
1 large purple sweet potato
3 eggs
¼ cup sunflower oil
½ cup sugar
3 tablespoons flour
3 tablespoons cocoa powder
1 teaspoon cinnamon
½ teaspoon ground ginger
½ teaspoon nutmeg
¼ teaspoon vanilla extract
¼ teaspoon baking powder
100 g dark chocolate, chopped
wrap the sweet potato in aluminum foil and bake at 200°C until fork tender, 50 – 70 minutes. peel and mash the sweet potato, add eggs, oil, sugar and vanilla and mix with an electric mixer. add flour, cocoa, spices and baking powder and mix again until all is incorporated. add chocolate chunks and mix by hand.
butter a 27×15 cm pan, pour the batter and bake for around 35 minutes in an oven preheated at 175°C. be careful not to over-bake, the middle should still be a little soft when you take the brownies out of the oven. they firm up a bit when cooled.
next post: Макаронс / Macarons
Trackbacks for this post