сосот од риба и сосот од остриги се неизбежни додатоци во тајландската кујна. јас овие два соса ги донесов од холандија, ризикувајќи усмрдување на целиот багаж, бидејќи, да не се лажеме, и двата имаат јак мирис на риба. мирисот со готвењето се губи, ама проблем е ако ви се скрши цело шише сос од риба во куфер.
веќе ги гледам овие сосови и по нашите продавници, па ако ги најдете пробајте го овој рецепт, месото е многу вкусно, многу брзо се подготвува, а може да се послужи како мезе за со пиво или како главно јадење со ориз, компири или друг додаток. само треба да се остави време за маринирање. ние го јадевме со зелка динстана во вино розе.
scroll down for the recipe in english
во оригиналниот рецепт се користи свежа лимонова трева, која кај нас не може да се најде. рецептот го правев со сува мелена, сé додека не ми се потроши, потоа без неа. нема многу разлика во вкусот, претпоставувам повеќе разлика би имало ако се користи свежа, ама тоа ќе остане да го пробаме во некоја друга прилика.
рецептот е од тука.
за двајца (како главно јадење):
500 g свинска плешка или бут без коска
1 кромид, исечен на тенки кришки
½ лажиче мелена лимонова трева
2 лажици шеќер
1 лажиче свежо мелен црн бибер
6 лажици сончогледово масло
6 лажици сос од риба
2 лажици мед
1 лажица сос од остриги
исечете го месото на коцки од околу 2 – 3 cm. во сад со капак помешајте го месото со другите состојки, затворете го и оставете го во фрижидер до следниот ден.
загрејте тавче на средно и ставете го месото заедно со маринадата. гответе го на почеток со повремено мешање, а потоа, кога сосот ќе почне да се згуснува, мешајте постојано за сосот да се залепи на мевцата, а не на дното од тавчето. кромидот целосно се топи во сосот. месото е готово за 15 – 20 минути, кога сосот ќе се згусне и ќе добие боја на карамел. послужете го веднаш.
fish sauce and oyster sauce are not easily found around here. i brought these from holland risking making the whole luggage smell like fish. but i think it was worth it. the pork marinated in fish and oyster sauce and honey is delicious, can be made quickly and is great as a snack with beer or as a main dish with rice. this time we had it with cabbage braised in rosé wine.
use fresh lemongrass if it’s available. i used dried lemongrass powder, but i’m sure fresh is much more flavorful.
recipe from here.
serves 2 as a main dish:
500 g of pork shoulder
1 onion, thinly sliced
½ teaspoon lemongrass powder
2 tablespoons sugar
1 teaspoon freshly ground black pepper
6 tablespoons sunflower oil
6 tablespoons fish sauce
2 tablespoons honey
1 tablespoon oyster sauce
cut the pork in 2 – 3 cm cubes. put it in a container with a lid, add the other ingredients, cover and refrigerate overnight.
heat a pan on medium heat and cook the pork with the marinade stirring occasionally at first. when the sauce starts to thicken start stirring constantly so the sauce sticks to the meat and not the pan. the onion will melt in the sauce. cook for 15 – 20 minutes, until the sauce is thick and is dark caramel in color. serve immediately.
next post: Чоколадно колаче со тиквици / Chocolate zucchini cake