мислам дека полесен сладолед до сега немам направено, освен можеби овошниот јогурт, а неверојатно вкусен. лани, на летување, често јадевме чоколаден сладолед со путер од кикирики, па сакав малце да го вратам летното чувство и сеќавањето на мирисот на море.
за сладоледот
200 g путер од кикирики
½ шоља шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
2 шољи слатка павлака
50 g темно чоколадо
јас употребив малку крцкав, купечки, путер од кикирики во кој нема никакви додатоци, ни сол, ни конзерванси, ни некои масла. путерот од кикирики можете и сами да го направите со долго мелење на живи или печени кикирики во сецко.
прво изматете го путерот од кикирики со шеќерот и ванилата, па постепено додавајте слатка павлака, за полесно да се измеша и да не прска од садот. префрлете ја смесата во сад со капак, посипете ја со чоколадо исечено на коцкички и ставете ја да се замрзне. толку 🙂
путер од кикирики одлично оди со банана и чоколадо, па ние вака уживаме во сладоледот.
банана сплит
банана
сладолед од путер од кикирики
шлаг
суво грозје
сецкани бадеми
стопено темно чоколадо
нема потреба од рецепт тука, само исечете ја бананата на половина по должина и врз неа ставете од другите состојки.
this must be the easiest ice cream i have ever made, except maybe the fruit yogurt, and it’s incredibly delicious. last year while on vacation we often had chocolate peanut butter ice cream, so i wanted to bring memories of summer and the smell of the sea, while we wait for warmer weather.
for the ice cream
200 g peanut butter
½ cup sugar
1 sachet vanilla sugar (10 g)
2 cups cream
50 g dark chocolate
i used crunchy store-bought peanut butter, with nothing added, no salt, preservatives or oils. you can also make your own by processing raw or roasted peanuts in a food processor. it takes time, but it’s very easy to do.
whisk the peanut butter with the sugar and vanilla, then gradually add the cream, to incorporate it easily and avoid splatters. transfer the mixture to a lidded container, sprinkle with diced chocolate and freeze. that’s it.
peanut butter goes perfectly with banana and chocolate, so here’s how we enjoyed this ice cream.
banana split
banana
peanut butter ice cream
whipped cream
raisins
chopped almonds
melted dark chocolate
no need for a recipe here, just split the banana in half and layer the rest of the ingredients.
next post: Тавче гравче / Baked beans