на овие температури сигурно не ви се стои покрај шпорет и не ви се готви. затоа еве еден освежителен пијалок од лубеница и портокал.
scroll down for english version
парче лубеница од 2 kg
1 – 2 портокала, исцедени
лубеницата исечете ја на парчиња, извадете ги семките колку можете и сомелете ја во сецко или блендер или рачно, со вилушка. извадете ги останатите семки, помешајте ја со сокот од портокал и ставете го ова во фрижидер да се разлади.
ваквиот сок е прилично концентриран, па кога ќе сакате да го пиете прво ставете многу мраз во голема чаша, наполнете ја до пола со сок и дополнете ја со газирана или негазирана вода. убаво е и ако се додаде малку џин.
i’m sure you don’t want to stand by the stove and cook in this heat. so, here is a refreshing drink i made from watermelon and orange.
2 kg piece of watermelon
1 – 2 oranges, juiced
cube the watermelon, remove as much seeds as you can and puree in a food processor, blender or with a fork. take out any remaining seeds, add the orange juice and put in the fridge.
to serve, fill a large glass with ice, fill halfway with watermelon-orange juice and top with water or soda-water. it’s also nice with a splash of gin.
next post: Миш-маш / Mish-mash