scroll down for recipe in english


рецепт од списанието redbook од јануари 2000 г.

1 шоља брашно
1 прашок за пециво
1/3 шоља шеќер
1/2 шоља јогурт
1 јајце
1 лажица зејтин
рендана кора од еден портокал

глазура
1 шоља шеќер во прав
3 лажици сок од портокал

изматете го сето ова и сипете го во подмачкано тавче за мафини. рецептот вика дека излегуваат 6 големи мафини, и јас тестото го сипав во 6 чашки, ама беа преполни, па тестото сакаше да побегне кога почна да се пече. премногу нараснаа и дури и се споија. можев да добијам 7 или 8 убави мафини, да не го преполнев тавчето. ако имате тавче со 12 чашки, во празните сипете вода до висина од 1/3.
печете ги на 180°C околу 15-20 минути. потоа без да ги вадите од тавчето избодете ги со вилушка, па помешајте ги шеќерот во прав и сокот од портокал, истурете го врз колачите и оставете ги пола саат да го упијат.

recipe from redbook magazine from january 2000.

1 cup flour
1 sachet bakind powder
1/3 cup sugar
1/2 cup yoghurt or buttermilk
1 egg
1 tablespoon oil
grated zest from 1 orange

glaze
1 cup confectioners sugar
3 tablespoons orange juice

mix everything for the cakes and pour in buttered muffin tin. the recipe says you should put it into 6 cups, but when i did that the cups were too full. put the dough in 7 or 8 cups filling them to 2/3 of the height and fill the rest with water to 1/3 of the height.
bake at 180°C for 15-20 minutes. then poke the cakes with a fork, mix the confectioners sugar with the orange juice, pour pover the cakes and leave to absorb for half an hour.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Галета со зелка и печурки / Cabbage and mushroom galette
next post: Посни (+ диетални) тропски мафини ……. Vegan Tropical Muffins

Leave a Reply