во моменти како овој сега, кога се случува да нема квасец по продавниците, еве една идеја за правење леб без квасец, кој не само што е многу вкусен, туку и многу брзо се прави.
овој наш рецепт за лепче со пиво беше објавен пред неколку години на сајтот kriglapivo, кој за жал веќе не постои, па помислив дека е добро да го ставам и тука.
3 шољи сенаменско брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 лажичка сол
330 ml пиво
измешајте ги сите состојки со лажица или вилушка додека не се соединат убаво. префрлете го тестото во калап намачкан со масло и малку израмнете го.
печете го лепчето во загреана рерна на 200°C oколу 40 минути, додека кората не се зарумени убаво. проверете дали е готово со боцкање со нож во средината. ако ножот излезе чист, лепчето е испечено.
лепчево може да стои меко 2-3 дена. многу е вкусно само намачкано со путер, а ние го јадевме и со чатни од лимон. прсти да излижеш.
if you have ran out of yeast, hasn’t decided to join the sourdough-making crowd yet and can’t find any yeast in the stores, you can still make delicious bread at home, like this beer bread.
3 cups all purpose flour
1 tablespoon baking powder
1 teaspoon salt
330 ml beer
mix everything with a spoon or a fork until evenly combined. pour the batter in an oiled bread pan and try to flatten it.
bake the bread in an oven preheated at 200°C for 40 minutes, or until the crust is golden and a knife inserted in the middle comes out clean.
the bread stays soft for 2-3 days. we had it with lemon chutney, but it is also delicious just slathered with butter.
next post: Интегрален леб со пиво / Whole wheat beer bread
Trackbacks for this post