ова едноставно благо мајка ми порано многу често го правеше. а и моите две баби, само имаа различни рецепти. едната вака, само од млеко, јајца и шеќер и го викаше и јајчаник, а другата со кори. тој рецепт со кори го немам, ама баш сакам да го најдам. а ваквиот млечник, ладен, од фрижидер, мене ми е повкусен и од сладолед.
5 јајца
4 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер (јас ставив 1 лажица домашен ванилин шеќер)
600 ml млеко
изматете ги убаво јајцата со миксер. додајте го шеќерот и повторно убаво изматете. потоа ставете го млекото и промешајте со лажица. претурете ја смесата во тавче со пречник од 28 cm или малку помало, и ставете го млечникот да се пече во рерна загреана на 200°C, 15-20 минути.
my mother often used to make this simple sweet dessert when i was growing up. my two grandmothers, also. although, they had different recipes, one of them made it with filo pastry. i have to find a recipe for that, too. but, made with just milk, eggs and sugar and cold, straight from the fridge, is how i like it best.
5 eggs
4 tablespoons sugar
1 tablespoon homemade vanilla sugar (or 1 teaspoon vanilla extract)
600 ml milk
whisk the eggs with an electric mixer, add the sugar and vanilla and whisk again until pale and creamy. add the milk and stir with a spoon, just until incorporated. pour the mixture in a 28 cm pan, or a little smaller one and bake the mlechnik in an oven preheated at 200°C, around 15-20 minutes. serve warm or cold.
next post: Чизкејк со динстани јаболка / Cheesecake with sauteed apples
Trackbacks for this post