пред некое време ги видов овие слатки мали гибанички на блогот на кате, diethood, и си реков морам да ги направам. ја памтите чоколадната пита на кате? со кора од мелени бадеми? и неа морам да ја направам некој ден.
scroll down for the recipe in english
многу се едноставни и вкусни. рецептот е ист како рецептот за гибаница на даниел, само со една разлика: корите се сечат на ленти и се мешаат со филот.
6 јајца
200 g сирење
100 ml зејтин
300 ml кисела вода
500 g свежи кори
исечете ги корите на ленти од околу 1-2 cm. измешајте ги во еден сад сите други состојки, додадете ги корите и убаво промешајте, да не остане негде залепено купче кори. тавче за мафини намачкајте со зејтин па наполнете ги чашките со смесата скоро до горе. печете ја гибаничките во незагреана рерна на 220°C околу 25-30 минути.
од оваа количина на смеса излегуваат 12 мали и две поголеми гибаници.
when i saw these cute little phyllo dough stuffed cheese puffs on kate’s blog diethood, i knew right away i had to make them. you remember kate’s chocolate pie? with almond crust? i have to make it some day, too.
these are really easy to make. the recipe is the same as daniel’s scrunched gibanica, but here the phyllo dough is cut in strips and mixed with the filling.
6 eggs
200 g feta cheese
100 ml oil
300 ml sparkling water
500 g phyllo dough
cut the phyllo dough in 1-2 cm wide strips. mix the other ingredients, add the phyllo strips and stir everything so that the strips are well incorporated and there are no big clumps of dough stuck together. oil a muffin tin and fill the cups with the mixture. bake the cheese puffs at 220°C for 25-30 minutes.
this amount of ingredients is enough for 12 small and two bigger gibanicas.
next post: Чоколадна торта со Гинис / Chocolate Guinness cake