scroll down for the recipe in english

рецептот за овие колачи е од овде. пишува дека се италијански. на друго место најдов дека се шведски. какви и да се, вкусни се.

за тестото:
1 1/3 шоља брашно
1/3 шоља шеќер
1 лажиче прашок за пециво
1/2 путер
1 јајце

за филот:
1/2 шоља џем од малини

за преливот:
1 пакетче марципан од кам маркет (125 gr)
2 лажици шеќер во прав
1 јајце

прво направете го тестото: во вангла измешајте ги брашното, шеќерот и прашокот за пециво, па додадете го путерот исечен на коцки и со прсти измешајте го со сувите состојки, да добиете мрвици. ставете едно малку изматено јајце и поврзете го сето тоа во тесто. покријте ја ванглата и ставете ја во фрижидер додека ги подготвувате другите делови од колачето.

изматете ги со миксер марципанот, јајцето и шеќерот во прав.

во тавче за мафини натапкајте го тестото на дното и страните на чашките намачкани со маргарин, наполнете ги со џемот од малини до пола, па истурете од преливот со марципан врз џемот.

печете ги колачите 25 минути на 165°C.

i found the recipe for these tartlettes here. it says they are italian, other sites say they are swedish. wherever they are from, they are delicious.

dough:
1 1/3 cups flour
1/3 cup sugar
1 teaspoon baking powder
1/2 cup butter
1 egg, slightly beaten

filling:
1/2 cup raspberry jam

topping:
125 gr almond paste (marzipan)
2 tablespoons confectioner’s sugar
1 egg 


for the dough, in a medium bowl stir together flour, sugar and baking powder. cut in 1/2 cup butter with your fingers until mixture resembles coarse crumbs. add 1 slightly beaten egg and combine to make a smooth dough. cover and chill in the refrigerator while you prepare the topping.

for the topping, in a medium bowl beat the marzipan with the egg and sugar with an electric mixer.

press the dough on the bottom and sides of maffin tin cups brushed with margarine. divide the jam among the cups, then pour the topping over the jam.

bake the tartlettes for 25 minutes at 165°C.

Print Friendly, PDF & Email
previous post: Јачмен со печурки / Barley with mushrooms
next post: Погача-цвет / Flower bread

Leave a Reply