од испробување некои рецепти, ми остана голема количина маскарпоне измешано со слатка павлака. очекував слатката павлака да се измати во густ шлаг, тоа не се случи, па мешавината беше премногу течна за планираниот рецепт. но, затоа одлична за овој колач, кој се прави брзо, се мати во еден сад и има неверојатен, млечно-путерест вкус.
scroll down for the recipe in english
во тестото можете да ставите овошје и пред печењето, ама јас го оставив колачот едноставен, а потоа е многу вкусен со свежи јагоди или малини и посипан со малку шеќер во прав.
3 јајца
150 g шеќер
130 g маскарпоне + 130 g слатка павлака (или само 250 g маскарпоне)
250 g брашно
1 кесичка прашок за пециво
прво изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте сé друго и кратко измешајте. печете го колачот во рерна загреана на 180°C, oколу 50 минути. прекријте го лабаво со фолија ако почне да се заруменува по површината пред да биде испечено во средината.
i was trying some new recipes and was left with a large amount of mascarpone mixed with heavy cream. i expected the cream will thicken when whipped, and when it didn’t, the mixture was too thin and runny to use in the recipe. so i used it in this cake, that is quick to make, requires only one mixing bowl and has a delicious milky-buttery taste.
3 eggs
150 g sugar
130 grams mascarpone + 130 g cream (or 250 g just mascarpone)
250 g flour
1 tablespoon baking powder
whisk the eggs with sugar, add the other ingredients and mix just until combined. bake the cake in an oven preheated at 180°C, around 50 minutes. cover loosely with foil if the surface starts to brown before the middle is baked.
next post: Мафини со јагоди / Strawberry muffins
Trackbacks for this post